УСАИД вложува 5 милиони долари за малите бизниси
   
Impressum | Маркетинг | Контакт
Економија
УСАИД вложува 5 милиони долари за малите бизниси
Скопје, 14 март - Грантови во висина од 5 милиони долари за невладини организации во областите на микро претприемништво и енергетска ефикасност, добија пет локални организации, меѓи кои Центарот за започнување бизнис од Битола, Центарот за претприемачи и менаџери, МАТА – македонската занаетчиска организација, Хабитат – Македонија и МДЦ ТИ.Нет.

„Верувам дека ефектите за локалната економија ќе бидат значајни. Организациите кои ќе работат на поттикнување на претприемништвото на 450 нови и постоечки микропретпријатија ќе им помогнат да се етаблираат на пазарот и понатаму да просперираат преку обуки, консултантски услуги, воспоставување контакти и со потенцијални партнери и купувачи и пристап до финансии“, рече американскиот амбасадор Филип Рикер.

Со проектот се очекува овие мали претпријатија да отворат околу 500 нови работни места делумно таргетирачќи групи кои традиционално имаат отежнат пристап до пазарот на трудот, како што се жените, младите и членови на ромската популација.

„Денес со овие пет проекти и поддршка на мали и средни претпријиатија во Македонија, генерално претприемништвото се поддржува еден мнгу значаен сектор во нашата економија, тоа е секторот на макли и средни претпријатија. Сектор кој иако изгледа мал во нашатата економија е значителен, ако гледаме по број на регистрирано компании според Централниот регистар повеќе од 99 отсто се мали и средни компании. Тие учествуват со 80 отсто од вработените во македонија и над 50 отсто во БДП и надворешната трговија“, рече министерот за економија Фатмир Бесими.

„Македонија ја прославува 20 години од независноста и македонските невладини организации мора да се соочат со предивикот, Македонија да ја направат попросперитетна, повешта и поинтегрирана во глобалната економија“, рече американскиот амбасадор, Филип Рикер.

Тој потенцира дека избраните пет организации биле внимателно одбрани и покажале значајни резултати со што ја стекнале довербата зна локалната заедница.  / Журнал МК /




  • Currently 3,04/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Оценка 3,04 од 5 (статијата ја оцениле 146 лица)


Автор:
објавено на 14.03.2011   00:00
Прочитано 7 пати Испрати на пријател Печати
Економија
- Намалено шумското производство во вториот квартал годинава
10.08.2017 16:10:52  10.08
- НБРМ: Показателите од вториот квартал упатуваат на подобрување на состојбата на економијата
09.08.2017 16:35:40  09.08
- Објавен Јавниот повик за електронски барања за поддршка за нови насади
08.08.2017 13:24:43  08.08
- Во Дебарско за субвенции аплицирале над 500 земјоделци
04.08.2017 13:54:32  04.08
- Извозот во првото полугодие зголемен за 16,2 отсто, увозот за 11,2
04.08.2017 13:46:51  04.08
- Македонски Телеком бележи раст на нето добивката од 136 отсто во првите шест месеци од 2017-та
03.08.2017 13:10:18  03.08
- Нема повеќе пријавување годишнa даночна пријава во УЈП
03.08.2017 13:07:56  03.08
- МТСП: Со законот за стечајци 3.000 лица ќе добиваат 7.596 денари месечно
01.08.2017 16:33:27  01.08
- Од денеска поевтино парно
01.08.2017 16:32:35  01.08
- Субвенции за овоштарите и лозарите
31.07.2017 12:31:06  31.07
- Од утре поевтинува парното греење во Скопје
31.07.2017 12:29:36  31.07
- Полски новинари ќе ја промовираат Македонија како туристичка дестинација
31.07.2017 12:28:21  31.07
- Иницијатива за вклучување на приватниот сектор во давањето социјални услуги
28.07.2017 13:46:14  28.07
- УХМР: Топлото време ризик за земјоделските култури
28.07.2017 13:26:26  28.07
- НБРМ: Стабилизирањето на политичката состојба ги намали ризиците во вториот квартал
27.07.2017 15:14:58  27.07
- Договорите со странските инвеститори ќе станат достапни за јавноста
26.07.2017 13:36:35  26.07
- За седум дена анализа за враќање на евтината тарифа за струја
26.07.2017 13:35:38  26.07
- Зошто пелети?
24.07.2017 13:58:55  24.07
- Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за полoвина денар
24.07.2017 12:57:05  24.07
- Кумановските земјоделци аплицираат за субвенции
21.07.2017 12:16:58  21.07
- АД ЕЛЕМ: Немаме скриени, ниту заостанати долгови кон стопанството
21.07.2017 12:16:14  21.07
- Сузбивање на сивата економија и реформи на инспекциските служби бара ССК
19.07.2017 12:04:23  19.07
- Бектеши на инвестициски форум „Кина-Централна и Источна Европа“ во Прага
18.07.2017 13:29:02  18.07
- Директна авионска линија од Доха за Скопје
17.07.2017 12:23:45  17.07

П У Б Л И Ц И Т Е Т
ЕЛЕКТРОНСКИ ВЕСТИ
 
Сите актуелни вести на твојата е-пошта.

Product Listing Policy - Intellectual Property Policy and Infringement Claims - Privacy Policy - Terms of Use
© 2017 Журнал МК. Сите права се задржани.  developed by anet solutions