Иселениците учестуваат со 20% во бруто-домашниот производ
   
Impressum | Маркетинг | Контакт
Македонија
Иселениците учестуваат со 20% во бруто-домашниот производ
Скопје, 2 септември – Речиси со дваесет проценти во бруто-домашниот производ на Македонија учествува македонската емиграција која праќа пари или инвестира во бизнис.

Со вакви податоци излезе професорот Абдулменаф Беџети, врз основа на статистика на Меѓународниот монетарен фонд за 2005 година.

Со речиси 10 проценти помалку учество во БДП покажале податоците на професор Ванчо Узунов од Правниот факултет „Јустинијан први“ во Скопје, според истражување од
Глобалната мрежа за развој, кое било направено лани, а се однесува на 2008 година.

„Она што го прикажуваат официјалните статистички податоци на државава не е целосно точна бројка. Дознаките од нашите иселеници се барем за 50% проценти повисоки од оние што се евидентираат. Не знам дали државата ќе банкротира ако ги нема овие пари, но тврдам дека состојбата ќе биде многу полоша и ќе биде проблем за одржување на платно-билансната рамнотежа“, вели Узунов.

Под дознаки, во Народната банка на Македонија, се евидентирале приливите и одливите кон странство, другите приватни трансфери и девизните трансакции.

„Половина од парите во земјава влегуваат преку легални официјални трансфери. Другите 50 % праќаат преку роднини, пријатели или други начини кои не може да се евидентираат“, вели професорот Узунов.

Речиси 36 проценти од емигрантите, според истражувањето, дома праќале пари и според средна вредност, доминираат износите од 500 до 1000, односно од 1000 до 2000 долари.

Истражувањето покажало дека 57 проценти воопшто не праќале пари.

Според традицијата, праќањето пари во татковината било на месечна основа, а тоа за Узунов, значи дека емигрантите заминале од Македонија заради работа во странство и како што земаат плата, така праќаат дел од парите.

Доспеаните пари се трошат, најмногу, за добра за домаќинството, односно за покривање на расходите за егзистенција. Потоа, за образование, за здравство и за други помали трошоци.

„Емигрантите малку вложуваат во бизниси. Тие немаат намера да вложуваат или вложуваат откако ќе се вратат во Македонија“, објаснува професорот.

За неговиот колега, Абдулменаф Беџети, многу малку посветуваме внимание на оваа компонента во буџетот. Првите почетни истражувања биле направени во 2003 година за да се откријат кои се луѓето што праќаат пари во Македонија.

Статистички, во таа 2003 година, во Швајцарија, официјално, живееле 55 илјади граѓани, од кои 91% биле Албанци. Во Германија, таа бројка била 61 илјада жители од Македонија.

„Само врз основа на овие податоци, нашите пресметки покажаа дека во странство живеат околу 154 илјади граѓани, без прекуокенските држави. Станува збор за масовна популација, многу важен економски фактор“, вели Беџети.

Македонија нема стратегија за водење политика кон емиграцијата со што ќе се зголеми приливот на пари во земјава, обвини Беџети.

Според податоците од Народната банка на Македонија, кои ги пренесе Славко Манговски, меѓународен координатор на Македонското меѓународно движење за човекови права, во Македонија влегле 556 милиони евра во 2003 година, кои се зголемиле на повеќе од милијарда евра во 2009 година.

Само за првите шест месеци од годинава, вели Манговски, емигрантите испратиле 633 милиони евра, кои споредено со истиот период лани, е за 235 % повеќе до ланската година.

„Околу 160 илјади семејства во земјава живеат од дознаки од емиграцијата“, вели Манговски.

Директорот на Агенцијата за иселеништво, Васил Наумов, не се сложи со констатациите дека државата, организирано, не соработува со иселениците и дека не помага во реализирање на приватни инвестиции.

Официјалната статистика на Агенцијата е дека Македонија ја напуштиле 456 илјади граѓани,а неофицијално, тој број е многу поголем.  / Журнал МК /




  • Currently 2,61/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Оценка 2,61 од 5 (статијата ја оцениле 157 лица)


Автор:
објавено на 02.09.2010   00:00
Прочитано 4 пати Испрати на пријател Печати
Македонија
- Талат Џафери: Следната недела Македонија ќе има нова влада
28.05.2017 12:08:33  28.05
- Пановски: Треба да ги вртиме старите фасади на Владата и на неколку други објекти
28.05.2017 12:07:32  28.05
- Беса сѐ уште решава дали ќе влезе во новата влада
28.05.2017 12:05:03  28.05
- Кривопаланечки средношколци дел од „Иновативна обука за ученици автомеханичари“
28.05.2017 11:38:02  28.05
- Утре без струја дел од Центар, Сарај и Шуто Оризари
28.05.2017 11:37:22  28.05
- Епископот Велички Гаврил Светогорец ќе биде канонизиран за светител
28.05.2017 11:35:28  28.05
- Зоран Заев реизбран за претседател на СДСМ
28.05.2017 11:27:57  28.05
- ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ најави блокада на отпочнатите проекти
27.05.2017 11:47:42  27.05
- Заев: Посакувам Светиот месец Рамазан да донесе личен духовен мир и семејна хармонија
27.05.2017 11:44:03  27.05
- Честитка од претседателот Иванов по повод почетокот на рамазанските пости
27.05.2017 11:33:25  27.05
- „Ничија земја“ - нова премиера на МНТ
27.05.2017 11:32:45  27.05
- Скопски цветен фестивал во паркот „Македонија“
27.05.2017 11:29:16  27.05
- Отворање на манифестацијата „Титов Врв 2017“
27.05.2017 11:28:38  27.05
- Чествување на јубилејот од возобновувањето на Охридската архиепископија
27.05.2017 11:27:21  27.05
- Почнува полагањето државна матура
27.05.2017 11:26:46  27.05
- Дали Бејли ја составува новата тиранска влада во Македонија?!
26.05.2017 21:34:09  26.05
- Заев: Не можам да претпоставам дали владата ќе биде предложена до понеделник
26.05.2017 21:31:51  26.05
- Заев: Напредуваме во разговорите за влада
26.05.2017 21:31:06  26.05
- Во Собранието за децата се дискутирало од аспект на нивните образовни, социјални и здравствени права
26.05.2017 19:12:00  26.05
- Поништени решенија на директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа
26.05.2017 19:05:23  26.05
- Лутфиу на свеченост за дипломирањето на 13-тата генерација на Штуловиот универзитет
26.05.2017 19:03:35  26.05
- Презентирано истражувањето „Евалуацијата на програмите за третман и грижа на лица кои употребуваат дрога во Македонија“
26.05.2017 19:00:06  26.05
- Директорот на Меѓународна агенција за атомска енергија во посета на ПЕТ Центарот
26.05.2017 18:54:48  26.05
- Кривична за лицето што постави експлозивна направа во Собранието
26.05.2017 18:51:32  26.05

П У Б Л И Ц И Т Е Т
ЕЛЕКТРОНСКИ ВЕСТИ
 
Сите актуелни вести на твојата е-пошта.

Product Listing Policy - Intellectual Property Policy and Infringement Claims - Privacy Policy - Terms of Use
© 2017 Журнал МК. Сите права се задржани.  developed by anet solutions