Иселениците бараат Македонија да прекине со преговорите
   
Impressum | Маркетинг | Контакт
Македонија
Иселениците бараат Македонија да прекине со преговорите
Скопје, 28 јули– Македонија да ги прекине преговорите со Грција, да покаже дека не е подготвена на компромис за името и дека нема намера да го менува, порачаа претставници на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада (ММДЧП) и Македонска алијанса.

Тие денеска го промовираа почетокот на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“.

Според кординаторот Славко Манговски и лидерот на Македонска алијанса Џорџ Атанасоски,  Грција сака да ги уништи македонскиот јазик и идентитет.

„Ние се залагаме за влез во ЕУ и НАТО, но без дополнителни услови како што е промената на името. Преговорите треба да прекинат зашто со тоа покажуваме дека сме подготвени на компромис што не е точно. Мора да покажеме дека за идентитет никој не преговара,“ изјави  Манговски.

Повикувајќи се на извори од Вашингтон, Атанасоски рече дека Македонија и со и без преговорите, пред 2015 година нема да влезе во Европската унија.

„Подобро да се фокусираме на економската состојба, од Македонија да направиме Швајцарија, да ги спроведеме сите реформи посебно во судството. Само тогаш странските инвеститори нема да ја заобиколуваат државата, независно дали е дел од НАТО или ЕУ“, напомена Атанасоски.

Тој воедно додаде дека и наши бизнисмени кои живеат во странство се обиделе да инвестираат во земјава, но си отишле поради законите и сложените административни процедури.

Кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“ чии инцијатори се ММДЧП и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права, беше прмовирана на 7-ми овој месец, а официјално стартува денеска. Ја поддржуваат, како што истакнаа Манговски и Атанасоски, околу 40 организации и индивидуалци. Секој што сака допрва да се вклучи, тоа може да го стори преку интернет страницата www.macedoniahr.org.au.  / Журнал МК /




  • Currently 2,85/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Оценка 2,85 од 5 (статијата ја оцениле 131 лица)


Автор:
објавено на 28.07.2010   00:00
Прочитано 1 пати Испрати на пријател Печати
Македонија
- Мемети: Препораките на народниот правобранител остануваат во фиоките на Собранието
19.02.2017 10:53:51  19.02
- Во тек е конкурс за доделување 300 научни субвенции
19.02.2017 10:53:15  19.02
- Зекири нападнат од обезбедување на Мијалков, овој негира
19.02.2017 10:52:39  19.02
- Времето низ Македонија облачно, дождливо и ветровито
19.02.2017 10:37:05  19.02
- Сообраќајот се одвива по влажни коловози
19.02.2017 10:36:41  19.02
- Министерот Ибрахими ќе посети компанија во Брвеница
19.02.2017 10:36:19  19.02
- Жители на Општина Дебрца против изградба на асфалтна и бетонска база кај Ново Село
19.02.2017 10:35:54  19.02
- Средба на партиите на Албанците потписници на платформата
18.02.2017 13:06:29  18.02
- Младите матиматичари ги одмеруваат силите на регионаланиот натпревар во Струмица
18.02.2017 12:36:27  18.02
- Се расчистуваат каналите и вадите во кочанско за новата наводнителна сезона
18.02.2017 12:35:31  18.02
- Еко-акција за собирање електронски и електричен отпад во Лисиче
18.02.2017 12:34:44  18.02
- Министерот за труд Ибрахими во посета на Прилеп
18.02.2017 12:33:41  18.02
- Отворен ден во Центарот за обука на пилоти
18.02.2017 12:33:00  18.02
- Втор ден од Глобалниот самит на жени лидери 2017
18.02.2017 12:29:08  18.02
- Поддршката за членство на Македонија во ЕУ намалена на 77 отсто
17.02.2017 22:25:02  17.02
- Министерот Нухиу во посета на Дебреште
17.02.2017 22:15:38  17.02
- Конференција „Градење на мостови помеѓу истражувањето во бизнисот и потребите на индустријата“
17.02.2017 17:46:35  17.02
- Заев: Прифатливо се што е во рамки на Уставот
17.02.2017 17:45:56  17.02
- Потврда за годишна даночна пријава во Кочани поднеле 3.281 лице
17.02.2017 17:45:14  17.02
- Нов имунолошки анализатор во Детската болница Козле
17.02.2017 17:44:30  17.02
- Вработените во Железница ќе го добијат вториот дел од платата за декември
17.02.2017 17:43:54  17.02
- В понеделник пресудата по тужбата на Цветковски против СДСМ, Заев и Костовски
17.02.2017 17:42:55  17.02
- СЈО го истражува финансиското работење на МПМ, вработените на штрајк
17.02.2017 16:13:00  17.02
- Жерновски: Ќе се борам за Центар, ја очекувам поддршката од СДСМ
17.02.2017 13:52:15  17.02

П У Б Л И Ц И Т Е Т
ЕЛЕКТРОНСКИ ВЕСТИ
 
Сите актуелни вести на твојата е-пошта.

Product Listing Policy - Intellectual Property Policy and Infringement Claims - Privacy Policy - Terms of Use
© 2017 Журнал МК. Сите права се задржани.  developed by anet solutions