МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Хан: Северна Македонија е единствената земја во регионот што нема спор со ниту еден с..
Медиумите до утре треба да поднесат извештај за рекламите за избори
Џафери воздржан за барањето пратениците да одат на нарко-тест, чека конкретна иниција..
Изминатата недела најмногу заболени од морбили од почетокот на епидемијата
Македонија
Сулејман Рушити ја напушти НД и политиката

Сулејман Рушити ја напушти НД и политиката

четврток, 05 мај 2011, 00:00ч.   |   B.B.

Скопје, 5 мај  Досегашниот член на Нова демократија и пратеник во собранието на Македонија, Сулејман Рушити, се откажа од политиката, затоа  што, како што рече во изјава за „Zurnal.mk“ е навреден од партијата и од Имер Селмани.

„Јас сум навреден од Нова демократија и Имер Селмани бедејќи бев излажан дека има некакви принципи, а се уште постојат истите симптоми од поранешната партија. Јас се повлеков поради истите причини поради кои се повлеков и од ДПА. Не сакам да бидам во партија која е бледа копија на претходната каде припаѓав“, вели Сулејман Рушити во изјава за „zurnal.mk“.

Тој најави дека на претстојните избори нема да гласа, а нема да премине во ниту една друга партија.

„Ова значи дека привремено се повлекувам од политиката. Ако некогаш на политиката и биде потребен Сулејман Рушити, со ова искуство што го имам, ќе размислам повеќе пати дали ќе се приклучам или не. Ова значи дека на овие избори јас нема да агитирам, а единствено нешто што ќе биде е морално да им објаснам на моите досегашни подржувачи во политиката дека сите чекори ги преземам свесно верувајќи дека тоа е добро“, вели Рушити.

Според него, секогаш кога гледа дека не постои почитување на демократија во смисла на почитување на секој поединец во политичката партија, тогаш презема вакви чекори.

„Нека биде јасно, на овие избори јас лично нема да гласам, а не пак да преминам во друга партија. Ова е лично моја одлука и не е под влијание на некој друг субјект. Нема да гласам бидејќи ако речам дека ќе гласам тоа ќе значи дека сум под влијание на друг субјект. За Нова демократија нема да гласам поради тоа што свесно ќе инвестирам во нешто за што не се залагам, за нешто што трпеше и моето семејство“, рече Рушити.

Рушити ја напушти Нова демократија на денот кога се поднесуваа конечните листи со кандидати за пратеници, па се претпостави дека тоа го направи незадоволен од нивната содржина.

Тој, заедно со Имер Селмани, Флора Кадри, Абедин Зумберија напуштија ДПА и ја формираа Нова демократија.

Според одлуката на Нова демократија, , претседателот на партијата на Имер Селмани е носител на листата број 1, а втор на оваа листа е Абедин Зумбери.

Втората изборна единица ја предводи Басри Бајрами, Шаќири Џезми е втор, додека третото место и припадна на Флора Кадриу.

Во петата изборна единица, носител е Куштрим Муртиши, следен од Абдул Ќазимовски.

Шестата изборна единица ја предводи Кастриот Хаџиреџа, втор на листата е Абдилнади Незири, потоа  Ѓилмисере Касапи, Миљазим Мифтари и  Фадиљ Мемети.

© ЖУРНАЛ    ~190,64

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.