МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Шекеринска: Отворен е патот за излез на Македонија од изолација
Ковачев: ВМРО-ДПМНЕ користи комунистички лаги и шири омраза
Ахмети до Коѕијас: Ви се заблагодарувам за посветеноста за затворање на прашањата со..
Левица најави антивладини протести
Македонија
СДСМ ќе го решаваат спорот со името на референдум

СДСМ ќе го решаваат спорот со името на референдум

вторник, 03 мај 2011, 00:00ч.   |   I.N.

Скопје, 3 мај - Спорот за името е веќе тема која многу долг период се дискутира, сега веќе почнуваме да бараме консензус и за тоа дали да се стави на референдум или не. Ние сметаме дека најдобро решение би било да се стави на референдум, рече Радмила Шеќеринска, која е кандидат за премиер од СДСМ.

„Бидејќи оваа тема многу во јавноста се дискутираше и се подели уште една тема дали ќе има или нема референдум ние сакавме да ставиме крај на овие дополнителни поделби. Наместо да се караме дали ќе има или нема референдум ајде да најдеме решение кое ќе биде во полза на Македонија и ние тоа ќе го  направиме. Како знак на таа отвореност за барање на добро решение, кажавме дека тоа усогласено од сите политички партии сметаме дека ќе биде добро да биде ставено на референдум“, изјави Радмила Шеќеринска по средбата со претседателот на Здружението на новинарите.

Според неа, СДСМ по прашањето на името имаат многу прецизна формулација. Прво сметаат дека Македонија ја загубила својата активна и многу посилна улога во преговорите, а во интерес на  граѓаните, државата и идентитет Македонија треба да ја врати активната улога и таа да ги диктира условите, а не да чека само како пасивен фактор.

„Сметаме дека никој од нас нема право на прашањето за името да печали политички поени, сметаме дека политичките партии и должат на македонските граѓани по ова прашање да најдат решение и ние за разлика од владата на Груевски нема да ги делиме ниту политичките партии ниту граѓаните“, рече Шеќеринска.

СДСМ во наредните денови ќе ја промовираат својата политичка програма по теми и области, а како што рече Шеќеринска денеска започнале со една од клучните, а тоа е слободата на медиумите, па затоа таа оствари средба со претседателот на Здружението на новинарите Насер Селмани.

© ЖУРНАЛ    ~31,11

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
Јорданов: Ми извадија список дека должам 30 милиони евра
Денко Малески: Кој ни гарантира дека ке останеме Македонци во Северна Македонија?
Лицитација со вмровските пратеници
Емилија Александрова: Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не им се лутам
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.