МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Хан: Северна Македонија е единствената земја во регионот што нема спор со ниту еден с..
Медиумите до утре треба да поднесат извештај за рекламите за избори
Џафери воздржан за барањето пратениците да одат на нарко-тест, чека конкретна иниција..
Изминатата недела најмногу заболени од морбили од почетокот на епидемијата
Македонија
Лустрираниот Советник на Град Скопје е лидерот на Титови леви сили

Лустрираниот Советник на Град Скопје е лидерот на Титови леви сили

вторник, 03 мај 2011, 00:00ч.   |   B.B.

Скопје, 3 мај - Слободан Угриновски, лидерот на политичката партија Сојуз на Титови леви сили е лустрираниот Советник на Град Скопје за кој Комисијата за верификација на фактите утврди дека бил соработник на тајните служби.

Угриновски денеска пред јавноста го откри својот идентитет. Тој тврди дека Комисијата нема докази и документите што му ги дале на увид не докажуваат оти тој бил соработник.

„Јас не го рпизнавам овој „Закон за лустери“, ги признавам само законите на СФРЈ и СРМ. Во мојот работен век по службена должност имам контактирано со службите, како претседател на Сојузот на студенти. оттука можам да тврдам дека повеќе јас добивав информации за состојбите на студентите отколку што јас сум соработувал со нив“, вели Угриновски.

Тој рече дека утрово во Комисијата за лустрација видел документи за соработничко досие на негово име отврено во 1973 година, додека бил студент и за да се укине досието било запишано дека му било подарено пенкало од 540 динари за Нова Година.

„Мене не ми беше познато дека службите тие контакти ги забележувале како соработнички“, вели Угриновски.

Тој соопшти дека денеска во 15 часот ќе има затворена седница на Комисијата за лустрација на која треба да се изјасни, а потоа ќе одлучи дали постапката ќе ја продолжи во судска постапка.

На новинарско прашање дали ќе се повлече од функцијата советник на Градот Скопје поради фактите на Комисијата тој негираше и рече дека повлекувањето го прави од свои лични причини.

Угриновски соопшти дека неговата партија на престојните избори ќе коалицира со СДСМ и останатите партии кои ќе бидат во истата коалиција, но, нема да биде на листите за пратенички мандат.

„Со другарот Црвенковски одлучивме место да направиме на помладите кадри, затоа нема да бидам на листата. Наш претставник ќе има во првата изборна единица со реден број девет“, рече Угриновски.

Според него, неговиот син ќе биде претставникот од оваа партија кој ќе се бори за пратенички мандат, а токму поради таа лична причина Угриновск исе повлекува од функцијата советник на Град Скопје.

© ЖУРНАЛ    ~180,62

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.