МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонија - од една во друга партизирана администрација
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест во недела: Македонија се гуши, ова црнило..
МВР: Казни од 200 до 500 евра за употреба на пиротехника
Семејството на убиениот Саздо бара 10 милиони денари отштета
Свет
Вулканот Мерапи повторно еруптира

Вулканот Мерапи повторно еруптира

сабота, 30 октомври 2010, 00:00ч.   |   B.B.

Џакарта, 30 октомври - Вулканот Мерапи на централниот индонезиски остров Јава повторно еруптирал денеска исфрлајќи вжештена лава и облаци составени од жешка пепел, вулкански карпи и гасови, јави „BBC“.

Според очевидци од локалното население, третата ерупција била посилна од претходните две. Таа била проследена со продорни звуци и детонација.

Според „AFP„“, ерупцијата којашто се случила ноќта во сабота по локално време предизвикала паника во којашто стотици луѓе, вклучувајќи и војници и полицајци, со возила и моторцикли во паника го напуштиле горното подножје на планината.

Нема жртви во третата ерупција на вулканот Мерапи.

Претходно, локални претставници изјавија дека две лица кои добиле изгореници од ерупцијата во вторникот починале од здобиените повреди, со што вкупната бројка жртви од вулканските ерупции се зголеми на 35 лица.

Според индонезиските вулканолози, ерупциите на Мерапи треба да се очекуваат и во наредните неколку седмици.

© ЖУРНАЛ    ~31,11

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Макрон дава оставка – Францускиот претседател вечерва се обраќа на нацијата?!
Руски воен авион упадна на најголемата вежба на НАТО
ЕУ го укинува зимското сметање на времето
Уапсена главната финансиска директорка на „Хуавеј“
Анестезиолог инфицирал 1.300 пациенти со хепатит Ц во Германија
Холандија: Уапсен маж, пронајдени 350.000 евра во машина за перење
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.