МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
ВМРО-ДПМНЕ: Власта да каже што ќе се менува во Преамбулата и Уставот
Демолирани штабови на СДСМ во Куманово
Британската амбасадорка Галовеј во Прилеп
Ветер со брзина од над 95 километри во Скопје и источните делови на земјата
Македонија
Иселениците учестуваат со 20% во бруто-домашниот производ

Иселениците учестуваат со 20% во бруто-домашниот производ

четврток, 02 септември 2010, 00:00ч.   |   T.S.

Скопје, 2 септември – Речиси со дваесет проценти во бруто-домашниот производ на Македонија учествува македонската емиграција која праќа пари или инвестира во бизнис.

Со вакви податоци излезе професорот Абдулменаф Беџети, врз основа на статистика на Меѓународниот монетарен фонд за 2005 година.

Со речиси 10 проценти помалку учество во БДП покажале податоците на професор Ванчо Узунов од Правниот факултет „Јустинијан први“ во Скопје, според истражување од
Глобалната мрежа за развој, кое било направено лани, а се однесува на 2008 година.

„Она што го прикажуваат официјалните статистички податоци на државава не е целосно точна бројка. Дознаките од нашите иселеници се барем за 50% проценти повисоки од оние што се евидентираат. Не знам дали државата ќе банкротира ако ги нема овие пари, но тврдам дека состојбата ќе биде многу полоша и ќе биде проблем за одржување на платно-билансната рамнотежа“, вели Узунов.

Под дознаки, во Народната банка на Македонија, се евидентирале приливите и одливите кон странство, другите приватни трансфери и девизните трансакции.

„Половина од парите во земјава влегуваат преку легални официјални трансфери. Другите 50 % праќаат преку роднини, пријатели или други начини кои не може да се евидентираат“, вели професорот Узунов.

Речиси 36 проценти од емигрантите, според истражувањето, дома праќале пари и според средна вредност, доминираат износите од 500 до 1000, односно од 1000 до 2000 долари.

Истражувањето покажало дека 57 проценти воопшто не праќале пари.

Според традицијата, праќањето пари во татковината било на месечна основа, а тоа за Узунов, значи дека емигрантите заминале од Македонија заради работа во странство и како што земаат плата, така праќаат дел од парите.

Доспеаните пари се трошат, најмногу, за добра за домаќинството, односно за покривање на расходите за егзистенција. Потоа, за образование, за здравство и за други помали трошоци.

„Емигрантите малку вложуваат во бизниси. Тие немаат намера да вложуваат или вложуваат откако ќе се вратат во Македонија“, објаснува професорот.

За неговиот колега, Абдулменаф Беџети, многу малку посветуваме внимание на оваа компонента во буџетот. Првите почетни истражувања биле направени во 2003 година за да се откријат кои се луѓето што праќаат пари во Македонија.

Статистички, во таа 2003 година, во Швајцарија, официјално, живееле 55 илјади граѓани, од кои 91% биле Албанци. Во Германија, таа бројка била 61 илјада жители од Македонија.

„Само врз основа на овие податоци, нашите пресметки покажаа дека во странство живеат околу 154 илјади граѓани, без прекуокенските држави. Станува збор за масовна популација, многу важен економски фактор“, вели Беџети.

Македонија нема стратегија за водење политика кон емиграцијата со што ќе се зголеми приливот на пари во земјава, обвини Беџети.

Според податоците од Народната банка на Македонија, кои ги пренесе Славко Манговски, меѓународен координатор на Македонското меѓународно движење за човекови права, во Македонија влегле 556 милиони евра во 2003 година, кои се зголемиле на повеќе од милијарда евра во 2009 година.

Само за првите шест месеци од годинава, вели Манговски, емигрантите испратиле 633 милиони евра, кои споредено со истиот период лани, е за 235 % повеќе до ланската година.

„Околу 160 илјади семејства во земјава живеат од дознаки од емиграцијата“, вели Манговски.

Директорот на Агенцијата за иселеништво, Васил Наумов, не се сложи со констатациите дека државата, организирано, не соработува со иселениците и дека не помага во реализирање на приватни инвестиции.

Официјалната статистика на Агенцијата е дека Македонија ја напуштиле 456 илјади граѓани,а неофицијално, тој број е многу поголем.

© ЖУРНАЛ    ~55,19

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Журнал дознава кои министерства Заев му ги понудил на Мицкоски да биде дел од Владата
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на улиците и луѓе каков горат во кафези
Одбележани 16 години од убиството на двајца полициски резервисти во Гостивар
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
МВР со дупки во приказната за џипот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.