МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Регион
Црна Гора ја продава најлуксузната јахта на Тито за 50 илјади евра

Црна Гора ја продава најлуксузната јахта на Тито за 50 илјади евра

среда, 05 јуни 2019, 13:08ч.   |   Z.H.

 Црногорската влада објави нов тендер за продажба на поранешната јахта на Тито – „Јадранка“ и ја намали цената што се побарува, од 80 на 50 илјади евра.

 
Црногорската влада ја прогласи „Јадранка“ за непотребна за државата и првпат за продажба ја огласи лани летото.
 
„Јадранка“ е најлуксузната јахта на Тито што тој ја имал на располагање, а била изградена во 1977 година во хрватското бродоградилиште во Кралевица. Јахтата се наоѓа во пристаништето во Бар.
 
Според црногорското Министерство за одбрана, во јахтата се вградени некогашни најквалитетни и најлуксузни материјали, од махагони до тиковина, а преградите во јахтата се изградени од специјални челични легури.
 
Јахтата има три салони за дневен престој на гостите, два апартмана и две помошни кабини за гости. Таа има осум кревети, а може да прими 30-ина гости. Медиумите во Подгорица истакнуваат дека поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, со неа пловел 24 пати.
 
Цената на продажба ѝ е намалена бидејќи првиот тендер не предизвика голем интерес.

© ЖУРНАЛ    ~45,15

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Гледате ли нешто погрешно - поради ова забрането е фотографијата на оваа матурнтка да се најде на табло
(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник
Убиство среде улица во Србија - незапаметена трагедија утринава
Нов закон: После 17 часот не смее да се наплаќа за лежалки и чадори на плажа
Ова е мајката што си ја уби тригодишната ќерка, па ја фрли од тераса во Белград
Нова страшна несреќа на местото каде изгоре автобусот: Се враќале од погреб па се судриле
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.