МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Македонија
Во Кривичен суд денеска нови рочишта за „Титаник" и „Титаник 3" на СЈО

Во Кривичен суд денеска нови рочишта за „Титаник" и „Титаник 3" на СЈО

четврток, 13 јуни 2019, 09:38ч.   |   Xh.I.

Во Кривичниот суд во Скопје денеска се закажани нови рочишта за „Титаник” и „Титаник 3” на Специјалното јавно обвинителство. Случајот „Титаник” што се однесува на изборни нерегуларности се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат материјални докази предложени од СЈО.

Станува збор за околу 5.900 материјални докази, како барања за издавање лични карти, изјави за ополномоштени лица, извадоци од сметки, потврди и други документи и докази за злоупотреба на средства за финансирање на политичка кампања од 2013 година.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник" обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Сите тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Во „Титаник 3”, пак, обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Постапката почна одново на 15 март годинава по именување на судијката Марија Клетичка за нов судија во предметот, откако судијката Оља Ристова, која го водеше случајот, во февруари годинава побара изземање од предметот.
 

© ЖУРНАЛ    ~21,7

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев утре ќе им даде отказ на петмина министри?
Расипан телефон: Еролд или Хисен, Муслиу или Мемети?
СДСМ врати шест општини што ги изгуби во првиот круг
Идните членки на ЕУ губат трпение - Србија чека 10 години, Црна Гора 11 години, Македонија 14 години...
Директорката на Хематологија доби кривична пријава од Антикорупциска комисија, не поднела анкетен лист
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.