МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Македонија
Јанкулоска бара разрешување на судијката Кацарска

Јанкулоска бара разрешување на судијката Кацарска

четврток, 13 јуни 2019, 11:16ч.   |   Xh.I.

Сопругот на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Влатко Илиевски, испратил претставка до Судскиот совет  за разрешување на судијката од Кривичниот суд во Скопје, Добрила Кацарска. Информацијата за „Макфакс“ ја потврдија од Судскиот совет, но соопштија дека детали ќе може да кажат од следната недела, зашто членот на Советот што го реферирал предметот користел годишен одмор.

„Макфакс“ од извори во Советот дозна дека претставката е за наводни повреди предизвикани преку закажување чести судски рочишта во предметот „Тенк“, во услови кога Јанкулоска била во ризична бременост со породилно отсуство.

Повредите, според претставката, биле предизвикани преку закажување судења кога ексминистерката се наоѓала во ризична бременост со отворено породилно отсуство, како и преку одржување судски рочишта во услови кога Јанкулоска била во постпородилна состојба со двомесечно бебе.

Судијката Кацарска за „Макфакс“ рече дека е уверена оти сите мајчински права на обвинетата ѝ се исполнети и дека постапката се одвивала со целосно почитување и на Законот за кривичната постапка и на Законот за работните односи. До Судскиот совет судијката составила одговор за претставката на Јанкулоска и рече дека по речиси 33-годишна судиска кариера едвај чека да се појави на сослушување во Судскиот совет за претставката на ексминистерката.

Уставниот суд лани ѝ го отфрли барањето на Јанкулоска за заштита на слободите и правата од Уставот, кои се однесуваат на слична околност, забрана за дискриминација по пол и политичка припадност во остварувањето на правото на мајчинство и правото на породилно отсуство.

Јанкулоска беше осудена на шест години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“, а скопска Апелација ѝ ја намали казната на 4 години. Таа на први јули треба да се јави на издржување на затворската казна.

© ЖУРНАЛ    ~67,23

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев утре ќе им даде отказ на петмина министри?
Расипан телефон: Еролд или Хисен, Муслиу или Мемети?
СДСМ врати шест општини што ги изгуби во првиот круг
Идните членки на ЕУ губат трпение - Србија чека 10 години, Црна Гора 11 години, Македонија 14 години...
Директорката на Хематологија доби кривична пријава од Антикорупциска комисија, не поднела анкетен лист
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.