МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Македонија
Трипуновски: Нема земјоделски регион во државата каде што нема проблеми

Трипуновски: Нема земјоделски регион во државата каде што нема проблеми

среда, 12 јуни 2019, 14:15ч.   |   Xh.I.

Нема земјоделски регион во државата каде што нема проблеми. Градинарските култури во струмичко, како што се краставицата, доматот и пиперката се соочуваат со катастрофално ниски цени, кои се надвор од секаква рентабилност, а власта не презема ништо во насока на решавање на проблемите. Откупот е многу слаб, а кога го има цените се многу ниски.

На самиот почеток на откупната сезона цената е под секаква рентабилност. Краставиците се откупуваат за 5 денари, доматите за 15 денари, а пиперката за 20 денари по килограм.

Самиот факт што на  почеток на откуп цените се ниски, кажува дека до крајот на сезоната откупната цена ќе биде под секакво ниво и крајно недостоинствена. Доколку во најкраток можен рок власта не преземе нешто во насока на решавање на проблемите на земјоделците повторно ќе бидеме сведоци на зеленчук кој наместо на зелените пазари ќе заврши на локалните депонии.

Земјоделците се соочуваат со големи проблеми да обезбедат средства за своите семејства. Инвестирале и работеле, а сега нема да можат ниту да си ја повратат и инвестицијата, а не пак да заработат нешто плус.

Заев и Николовски за време на парламентарните избори 2016 година ветуваа загарантиран откуп високи и стабилни откупни цени, но очигледно не мислеле на земјоделските производи, туку на марихуаната која што ја одгледуваат фамилијата Заеви.

 Додека бизнисот со марихуана на Заеви им цвета, земјоделците кои одгледуваат земјоделски производи не можат да го продадат својот род затоа што власта која што им го вети откупот не им го обезбеди, ниту загарантирани откупни цени.

Зоран Заев и министерот Николовски кој не знаеме дали се уште е министер, да излезат на терен и веднаш да преземат мерки за усогласување на откупната цена. Заев наместо да гази црвени теписи низ светот, заедно со само за него успешниот министер Николовски нека се потрудат да обезбедат откуп на земјоделските производи. Земјоделците не смеат да претрпат уште една катастрофална година.
 

© ЖУРНАЛ    ~18,6

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев утре ќе им даде отказ на петмина министри?
Расипан телефон: Еролд или Хисен, Муслиу или Мемети?
СДСМ врати шест општини што ги изгуби во првиот круг
Идните членки на ЕУ губат трпение - Србија чека 10 години, Црна Гора 11 години, Македонија 14 години...
Директорката на Хематологија доби кривична пријава од Антикорупциска комисија, не поднела анкетен лист
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.