МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Регион
Дваесет години од влегувањето на НАТО на Косово

Дваесет години од влегувањето на НАТО на Косово

среда, 12 јуни 2019, 10:48ч.   |   Z.H.

 Со низа манифестации во Приштина се одбележува дваесет годишнината од влегувањето на НАТО силите на Косово. На нив учествуваат и поранешниот американски претседател Бил Клинтон и екс државната секретарка Медлин Олбрајт.

 
Во рамките на прославите Косово му искажа голема чест на поранешниот американски претседател Бил Клинтон за трасирање на патот на независноста на таа земја од Србија.
 
Косовскиот претседател Хашим Тачи му додели на Клинтон „Орден на слободата“ за неговата улога за време и по војната на Косово со Србија во 1998-99 година.
 
Притоа тој рече дека Клинтон е симбол на доверба, оптимизам и надеж за граѓаните на Косово.
 
Клинтон, кој заедно со неговата тогашна државна секретарка Медлин Олбрајт и други високи светски политичари е на Косово, во чест на 20-годишнината од распоредувањето на војниците на НАТО, оцени дека Косово е пример за демократија и оти заслужува членство во ЕУ и НАТО.
 
„Мислам дека целиот свет денес, со сите свои превирања, може да го гледа Косово како пример за демократија и посветеност да се подобри, да расте и да живее во мир со сите соседи“.
 
Конфликтот на Косово, тогаш провинција во Србија, заврши по 78-дневното НАТО бомбардирање против српските напади врз етничките албанци.
 
За време на конфликтот загинаа повеќе од 10.000 луѓе, а 1.650 се уште се водат за исчезнати. НАТО од крајот на кофликтот води мировна операција за поддршка на Косово, КФОР.
 
Тоа енајголема операција на НАТО во Европа, има војници од 28 држави, со комбинирана сила од повеќе од 3.500 воени и цивилни лица.
 
Адмиралот Џејмс Фого, командант на Командата на здружените сили на НАТО, рече дека целта е „да се прошири и продлабочи дијалогот и партнерството како дел од заедничките напори, конечно, да се исполни визијата за Европа - цела, слободна и во мир“.
 
Меѓународната заедница бара од Косово и Србија да ги надминат разликите, но во изминативе недели акцијата на косовската полиција на северот на Косово, каде што претежно живеат Срби ги интензивира тензиите.
 
Претходно, Косово воведе стопроцентни царини за српските производи што предизвика критики од Белград и од Западот.
 
Белград смета дека укинувањето на царините се услов за нормализирање на односите меѓу двете страни.

© ЖУРНАЛ    ~21,7

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Гледате ли нешто погрешно - поради ова забрането е фотографијата на оваа матурнтка да се најде на табло
(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник
Убиство среде улица во Србија - незапаметена трагедија утринава
Нов закон: После 17 часот не смее да се наплаќа за лежалки и чадори на плажа
Ова е мајката што си ја уби тригодишната ќерка, па ја фрли од тераса во Белград
Нова страшна несреќа на местото каде изгоре автобусот: Се враќале од погреб па се судриле
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.