МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Свет
Јункер: Нема да има нови преговори за брегзит со наследникот на Тереза Меј

Јункер: Нема да има нови преговори за брегзит со наследникот на Тереза Меј

среда, 12 јуни 2019, 11:46ч.   |   Z.H.

 Нема да има нови преговори за договорот за излез на Велика Британија од Европската Унија, без разлика кој ќе ја наследи Тереза Меј на чело на британската влада, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

 
„Тоа не е договор помеѓу мене и Меј, тоа е договор помеѓу Велика Британија и ЕУ, па треба да го почитува идниот британски премиер, независно кој ќе дојде на оваа функција“, изјави Јункер во интервју објавено на интернет-страницата „Политико.еу“.
 
Меѓутоа, Јункер додаде дека може да има прецизирања и дополнувања кај политичката декларација меѓу Британија и ЕУ. Оваа декларација, која не е дел од договорот, треба да ги одреди идните трговски односи.
 
Повеќе кандидати за наследник на Меј, која во петокот поднесе оставка од местото шеф на Конзервативната партија и со самото тоа и шеф на владата, изјавија дека сакаат повторно да отворат преговори за договорот за брегзит.
 
Борис Џонсон, кој важи за фаворит, се закани дека нема да ја плати сметката за брегзит предвидена во веќе усогласениот договор.

© ЖУРНАЛ    ~21,7

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Норвешката министерка за здрвство порача: Пушете и пијте колку сакате
Монструозно злосторство: Во стан пронајдена заклана трудница!
Фото: Едно лице е убиено, а седум се ранети, во инцидентот со пукање во училиште, во САД
Американец ја убил сопругата, слушнал дека 4 години ќе работи во амбасадата во Србија
Осум години по смртта на Осама бин Ладен, неговиот син е главен лидер на Ал Каеда и најбараниот човек во светот
Индиски авион полн со патници итно слета па му експлодира гумата
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.