МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Македонија
Собранието ќе расправа за мандатот на Никола Груевски

Собранието ќе расправа за мандатот на Никола Груевски

вторник, 11 јуни 2019, 09:37ч.   |   Xh.I.

Дали оставката на поранешниот премиер и пратеник Никола Груевски, кој избега од земјава и доби политички азил во Унгарија, ќе биде ставена на 102. собраниска седница ќе се знае пред почетокот на парламентарното заседание.

По вчерашната координативна средба на која не присуствуваше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, од кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери беше соопштено дека ќе се одржат дополнителни консултации и со опозициската партија, по што на јавноста ќе и биде соопштено дали оставката ќе биде ставена на денешната седница или нема да биде ставена.

На дневен ред на 102. седница засега е извештајот на Комисијата за мандатно-деловнички и имуинитетни прашања која му предлага на Собранието одземање на мандатот на Груевски поради шестмесечно неоправдано отсуство. За да се изгласа одлуката потребни се 80 гласови, односно двотретинско мнозинство.
Пратениците од мнозинството велат дека во случајот треба да се постапи според Деловникот и Уставот со коишто се предвидува пратеникот лично да ја достави оставката до Собранието. Во истиот контекст е и изјавата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Никола Груевски не е никаков исклучок од сите други граѓани во нашата држава. Јас повикувам и апелирам дека Груевски има обврска да се врати во државата кадешто треба да си ја отслужи казната затвор, односно со правосилна судска пресуда сега од две години и додека има намера лично да ја врачи оставката во Собранието на Република Северна Македонија, рече вчера Костадинов.

Координаторот, пак, на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски вели дека нема причина зошто да не биде констатирана оставката на Груевски кога се знае дека и во минатото имало пратеници кои не доаѓале лично на Собрание да ја образложат својата оставка. Притоа ги наведува Никола Тодоров, Стево Пендаровски, Биљали и други.

Мицевски вчера попладне рече дека немал средба со претседателот на Собранието Џафери во врска со оставката на Груески и дека нема за што да разговараат, бидејќи на пратениците се уште не им е доставена оставката за да ја видат.

Никола Груевски замина во Унгарија по судските процеси за што има и правосилна затворска пресуда, побара и доби политички азил во Унгарија. Ова е прв случај пратеник да побара политички азил во држава земја членка на Европската Унија и прв пратеник притоа да поднесе оставка на функцијата за што нема правно решение или толкување во македонската легислатива.
 

© ЖУРНАЛ    ~34,12

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев утре ќе им даде отказ на петмина министри?
Расипан телефон: Еролд или Хисен, Муслиу или Мемети?
СДСМ врати шест општини што ги изгуби во првиот круг
Идните членки на ЕУ губат трпение - Србија чека 10 години, Црна Гора 11 години, Македонија 14 години...
Директорката на Хематологија доби кривична пријава од Антикорупциска комисија, не поднела анкетен лист
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.