МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Македонија
Тринаесет членки на ЕУ бараат датум за Северна Македонија и Албанија

Тринаесет членки на ЕУ бараат датум за Северна Македонија и Албанија

вторник, 11 јуни 2019, 16:19ч.   |   Xh.I.

Во заедничко соопштение министрите за надворешни работи на 13 земји - членки на ЕУ бараат во јуни Северна Македонија и Албанија да добијат датум за отпочнување на преговори со ЕУ. Според нив, од суштинско значење е да се обезбеди севкупен напредок во регионот.

Министрите за надворешни работи на Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Унгарија и Бугарија, како и на Италија, Малта, Австрија, Хрватска, Словенија, Полска и Словачка денеска во заедничко соопштение ги повикаа членовите на Европскиот совет да донесат одлука за отпочнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија овој месец.

Воедно тие ја потврдуваат нивната континуирана поддршка за Западен Балкан, бидејќи, како што наведуваат, процесот на проширување на ЕУ има позитивна трансформативна моќ во регионот и претставува инвестиција во мирот и стабилноста во Европа. Според нив, од суштинско значење е да се обезбеди севкупен напредок во регионот.

„ЕУ треба да ја исполни својата недвосмислена определба за европската интеграција на Западен Балкан. Не постои „план Б“. Со оглед на важноста на нејзината одлука за иднината на сите држави и народи во Европа, ги повикуваме членовите на Советот да преземат далекусежни, храбри одлуки во јуни, со што ќе се промовира континуиран напредок во реформите во согласност со стандардите и вредностите на ЕУ, како и зајакната регионална соработка, помирување, добрососедски односи и клучна поддршка за неповратниот мир, стабилност и развој на регионот и нашиот континент. Пред Советот за општи прашања во јуни, апелираме до сите носители на одлуки во ЕУ да го задржат и консолидираат позитивниот импулс со отворање на пристапните преговори со Република Албанија и Република Северна Македонија“, се наведува во заедничкото соопштение.

Отпочнувањето на преговорите, како што се истакнува на крајот од соопштението, ќе им овозможи на двете земји уште повеќе да се фокусираат врз неопходните реформи, додека ЕУ ќе добие важна алатка за надгледување на нивниот индивидуален напредок.

Министрите порачуваат и дека тоа ќе послужи како важен мотивирачки фактор за целиот регион и ќе биде победа и за земјите и за ЕУ, а исто такаќе придонесе за зајакнување на отпорноста кон надворешни, штетни интереси од други актери, а ЕУ и натаму ќе остане водечки играч за позитивна регионална трансформација.

© ЖУРНАЛ    ~51,17

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев утре ќе им даде отказ на петмина министри?
Расипан телефон: Еролд или Хисен, Муслиу или Мемети?
СДСМ врати шест општини што ги изгуби во првиот круг
Идните членки на ЕУ губат трпение - Србија чека 10 години, Црна Гора 11 години, Македонија 14 години...
Директорката на Хематологија доби кривична пријава од Антикорупциска комисија, не поднела анкетен лист
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.