МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Македонија
(Видео) Кузмановска: Над 25.000 семејства добиваат гарантиран минимален приход

(Видео) Кузмановска: Над 25.000 семејства добиваат гарантиран минимален приход

вторник, 11 јуни 2019, 16:16ч.   |   Xh.I.

Со исплата на зголемената социјална помош, почна реализацијата на мерките од новата социјална реформа. Веќе над 25.000 семејства добиваат гарантиран минимален приход, кој за најголемот дел од нив е зголемен за дури 100 отсто, истакна Катерина Кузмановска, пратеничка на СДСМ.

„За првпат корисниците на гарантираната минимална помош  добиваат детски додаток и додаток за основно образование. Досегашната програма за условен паричен надоместок за средно образовение е трансформирана  во право на додаток за образование.

Опфатот на деца кои користат образовен и детски додаток се зголемува за околу 20 пати. Наместо 3.200 деца, сега детски додаток користат 73.500 деца, а наместо 3.800 дечиња корисници на образовен додаток, отсега пристап имаат 64.136 деца.

Аплицирањето за новите права од социјалната реформа сè уште трае и очекувано е бројот на семејства опфатени со овие мерки дополнително да се зголеми.

Со новата социјална реформа на Владата и мнозинството предводено од СДСМ правиме целосна преобразба на системот на социјална заштита.

Градиме фер и праведно општество на еднакви можности.

Ја намалуваме сиромаштијата, овозможуваме еднаков старт за секое дете, ги унапредуваме правата на лицата со попреченост и градиме вистински праведно и фер општество“, порача Кузмановска.

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев утре ќе им даде отказ на петмина министри?
Расипан телефон: Еролд или Хисен, Муслиу или Мемети?
СДСМ врати шест општини што ги изгуби во првиот круг
Идните членки на ЕУ губат трпение - Србија чека 10 години, Црна Гора 11 години, Македонија 14 години...
Директорката на Хематологија доби кривична пријава од Антикорупциска комисија, не поднела анкетен лист
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.