МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Македонија
Една изборна единица за илјадници гласови да не одат „во ветар“

Една изборна единица за илјадници гласови да не одат „во ветар“

вторник, 11 јуни 2019, 12:27ч.   |   Xh.I.

Десетици илјади гласови на парламентарните избори пропаѓаат, а граѓаните што гласале за помалите партии немаат свој претставник во Парламентот поради изборниот модел со шест изборни единици кој ги фаворизира големите партии и ги принудува помалите да им бидат „коалициски приврзок“.

На секои парламентарни избори од 2008 година, меѓу 50 и 100 илјади гласови одат во ветер, а ставовите на толку избирачи не се соодветно претставени во парламентот, токму поради изборниот модел со шест изборни единици, кој им дава предност на големите партии. Имало случаи кога партии освојувале по речиси 30 илјади гласови, а не освоиле ниту едно пратеничко место, поради лошиот распоред на гласовите. Кога Македонија би била една изборна единица, помалите политички партии би можеле да освојат десетина пратеници, без да влегуваат во предизборни коалиции, каде што секогаш биле доживувани како приврзок на големата четворка.

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, вели дека уште поважно од воведувањето една изборна единица е да има и природен праг за влез, затоа што ако се постави висок цензус за влез во парламентот, промените нема да дадат никаков резултат. Тој смета дека со промените поголемите партии нема да изгубат ништо, затоа што и сега помалите партии влегуваат во Собранието преку коалициските листи. Сепак, ако влезат сами ќе бидат понезависни и посоодветно ќе може да ги застапуваат своите програми, вели тој.

„Сите граѓани не се репрезентирани со овој модел во Собранието. Како што предлагаме ние, без цензус, со природен праг и со една изборна единица сите граѓани и интересни групи соодветно ќе бидат репрезентирани и застапени во Парламентот. Некои идеологии можеби нам нема да ни се допаѓаат, порадикални, поекстремни, меѓутоа ако имаат поддршка кај граѓаните, тие треба да бидат во Парламентот и да ги бранат ставовите на оние коишто ги гласале“, вели Милевски.

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, се согласува дека кога Македонија би била една изборна единица составот на Парламентот би бил реален одраз на волјата на граѓаните.

„На овој начин дефинитивно ќе се урне, ќе се демонтира еднопартискиот систем, затоа што во овој систем партијата што ќе ги добие изборите одлучува за сè или лидерот на партијата, кој воедно станува премиер. Таков е системот што целокупната власт е во премиерот, затоа што мнозинството пратеници се од партијата што е на власт, и влијанието на другите партии, па и на граѓаните е апсолутно минимално или небитно“, вели Трајанов.

И двајцата поддржуваат да има отворени листи, односно граѓаните да не гласаат само за партија, туку и за кандидат.

Темата за промена на изборниот модел повторно ја реактуализира претседателот Стево Пендаровски, кој ја поддржа иницијативата на неколку политички партии за намалување на бројот на изборни единици и отворени листи.

Воведувањето на отворени листи и Македонија да биде една изборна единица беше и предизборно ветување на СДСМ и коалицијата. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ велат дека се подготвени да разговараат, но засега нема јасен став дали ја поддржуваат идејата.

Најкарактеристичен пример за пропаѓање на гласовите се парламентарните избори од 2011 година, кога помалите партии што не влегуваат во парламентот освојуваат над 100 илјади гласови. На тие избори, ВМРО-Народна парија освојува над 28 илјади гласови, а не освојува пратеничко место, додека Националната демократска преродба со 1500 гласови повеќе добива двајца пратеници поради тоа што нивните гласови се сконцентрирани само во една изборна единица, додека гласовите на ВМРО-Народна партија се во цела Македонија, но во ниедна изборна единица не се доволни за пратеник. Нова демократија на тие избори освојува речиси 20 илјади гласа, Обединети за Македонија над 17 илјади, а ЛДП 16.500, но не освојуваат ниту едно пратеничко место.

На изборите во 2014 година, ВМРО-Народна партија освојува скоро 17 илјади гласови, но не добива пратеник. На тие избори ГРОМ освојува 31.600 гласови, но добива само еден пратеник, додека ДПА со двојно повеќе гласови од нив добива 7 пратеници.

Во 2016 година, коалицијата ВМРО за Македонија освои 24 илјади гласа, Левица над 12 илјади, а Коалицијата за промени и правда над 10 илјади гласа, но не освоија ниту едно пратеничко место.

© ЖУРНАЛ    ~21,7

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев утре ќе им даде отказ на петмина министри?
Расипан телефон: Еролд или Хисен, Муслиу или Мемети?
СДСМ врати шест општини што ги изгуби во првиот круг
Идните членки на ЕУ губат трпение - Србија чека 10 години, Црна Гора 11 години, Македонија 14 години...
Директорката на Хематологија доби кривична пријава од Антикорупциска комисија, не поднела анкетен лист
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.