МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Свет
Американец ја убил сопругата, слушнал дека 4 години ќе работи во амбасадата во Србија

Американец ја убил сопругата, слушнал дека 4 години ќе работи во амбасадата во Србија

понеделник, 10 јуни 2019, 11:46ч.   |   Z.H.

 Американскиот дипломат, Џејсон Риф ја убил сопругата Лола Гуломова и потоа извршил самоубиство, а според пишувањата на американските медиуми, ситуацијата меѓу нив ескалирала кога таа прифатила четиригодишен мандат во амбасадата на САД во Белград и планирала со себе да ги поведе и децата.

 
Брачниот пар бил пред развод што требало официјално да биде заклучен во петок, меѓутоа, не дошло до тоа.
 
Пред закажаното сослушување, полицијата добила повик дека нешто чудно се случува во домот во парот во Вашингтон. Кога дошле кај нив,  полициските службеници го затекнале Риф (51) кој се самоубил пукајќи си во главата, додека во другата просторија лежело безживотното тело на неговата 45-годишна сопруга.
 
Судските записи покажуваат дека Риф бил многу вознемирен кога дознал дека Гуломова прифатила четиригодишен мандат во Белград, почнувајќи од следното лето и дека планира да замине заедно со двете ќерки.
 
Нивните деца не биле дома за време на пукањето.
 
Гуломова била родена во Таџикистан, каде некогаш се занимавала со танц. Според зборовите на пријателите, нејзиното семејство живеело ширум светот, а сестрата во Њујорк.
 
Во биографијата се наведува дека им помагала на погодените од ураганот Катарина, а подоцна се приклучила кон НАСА. Таа работела и во американската амбасада во Москва.

© ЖУРНАЛ    ~99,33

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Норвешката министерка за здрвство порача: Пушете и пијте колку сакате
Монструозно злосторство: Во стан пронајдена заклана трудница!
Фото: Едно лице е убиено, а седум се ранети, во инцидентот со пукање во училиште, во САД
Американец ја убил сопругата, слушнал дека 4 години ќе работи во амбасадата во Србија
Осум години по смртта на Осама бин Ладен, неговиот син е главен лидер на Ал Каеда и најбараниот човек во светот
Индиски авион полн со патници итно слета па му експлодира гумата
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.