МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Регион
Курц гневен на Ердоган: Tој што не прифаќа демократски избори нема што да бара во ЕУ

Курц гневен на Ердоган: Tој што не прифаќа демократски избори нема што да бара во ЕУ

среда, 08 мај 2019, 12:08ч.   |   Z.H.

 Австрискиот канцелар Себастијан Курц ја критикуваше одлуката за поништување на локалните избори во Истанбул.

Тој истакна дека оној што не прифаќа демократски избори нема што да бара во ЕУ и побара конечен прекин на пристапните преговори на ЕУ со Турција.
 
Кажа и дека е неопходно ЕУ чесно да се однесува кон Турција, која веќе со години со сѐ поголеми чекори се оддалечува од Унијата и повеќе не ги ни исполнува обврските за пристапните преговори.
 
„Сѐ уште постојат силни систематски ограничувања на слободата на изразувањето и медиумите“, критикуваше Курц.
 
Одлуката да се поништат резултатите на изборите за градоначалник на Истанбул, на кои изгуби кандидатот на претседателот Реџеп Таип Ердоган, не е транспарентна и не може да се разбере, изјави денес шефот на германската дипломатија Хеико Мас.
 
„Одлуката на Врховната изборна комисија да ги поништи локалните избори во Истанбул и да нареди тие да се повторат, од наша гледна точка, не е ни транспарентна ниту разбирлива“, кажа Мас.
 
Тој истакна дека само граѓаните на Истанбул треба да одлучат кој ќе седи во канцеларијата на градоначалникот и укажа на важноста на основните демократски начела и транспарентните изборни правила, пренесува Ројтерс.
 
Турската Врховна изборна комисија г поништи резултатите на локалните избори во Истанбул на кои победи лидерот на опозицијата Екрем Имамоглу и закажа повторни избори за 23 јуни.

© ЖУРНАЛ    ~60,20

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
По само 5 дена заеднички живот, поранешната сопруга живи ги запалила- детали за пожарот кој го потресе регионот
Капучино 6 евра, хамбургер дури 22 - во оваа балканска земја е поскапо и од Мајорка
Хаос во ТВ студио: Професор и новинар за малку ќе се испотепаа, водителот ги раздвојуваше (ВИДЕО)
Гледате ли нешто погрешно - поради ова забрането е фотографијата на оваа матурнтка да се најде на табло
Српски научник пронајде лек за рак
Опозицијата официјално го освои Истанбул, но Ердоган повлече потег со кој сака да го врати
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.