МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Мицкоски: Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ј..
Заев: Да го одбележиме епохалното просветителско значење на Светите Кирил и Методиј, ..
Пендаровски: Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да ..
МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс з..
Економија
Раст на трошоците за живот

Раст на трошоците за живот

вторник, 07 мај 2019, 15:19ч.   |   L.E.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во април 2019 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.8, а индексот на цените на мало 101.2.

Пораст на индексот на трошоците на животот во април 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 5.1 %, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 2.3 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.8 %, лебот и житата, другите пекарски производи за 0.5 %, алкохолните пијалаци за 0.3 % и маслото и маснотиите за 0.2 %.

Во април 2019 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 23.5 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 5.1 %, гасот за домаќинствата за 2.6 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 2.1 %, течните горива за домаќинствата за 1.5 %, обувките, туристичките пакет-аранжмани за 1.7 %, малите електрични апарати за домаќинствата, средствата за чистење и одржување на станот за 0.8 %, автомобилите за 0.6 %, големите електрични апарати за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.4 %, велосипедите, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0.3 % и текстилот за домаќинствата за 0.2%./naslov.mk

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Регулаторна одлучи: Големо поскапување на бензинот и дизелот
Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото
Поскапуваат горивата
Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ
Производствените фирми тешко наоѓаат стручен кадар
РКЕ: Сопствениците на станови исклучени од парно нема да плаќаат ако живеат во нив
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.