МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Култура
Маја Вукичевиќ се омажи, љубоморниот сопруг ја натера да го избрише минатото

Маја Вукичевиќ се омажи, љубоморниот сопруг ја натера да го избрише минатото

вторник, 07 мај 2019, 15:16ч.   |   L.E.

Некогашната поп-пејачка Маја Вукичевиќ тајно се омажи во Австралија. Се зборува дека Маја се омажила за богат Mакедонец, кој наводно бил сопственик на плантажи во Сиднеј и во Мелбурн.

Маја пред да замине за Австрaлија, го избриша својот фејсбук-профил, а ја нема ни на „Инстаграм“. Според некои, решила да го избрише минатото, но извори на „Репортер“, тврдат дека дека сегашниот сопруг на Маја бил многу љубоморен, до таму, што таа и од своите поранешни соработници и колеги барала да ги избришат заедничките слики од социјалните мрежи. Ги нема и провокативните спотови на „Јутјуб“ каналот, па и оној каде таа симулира дека води љубов во спотот. Кон крајот на ’90-те Маја беше многу популарна, особено заради нејзините провокативни спотови. Ја имаше сегде, по сите јавни настани и фестивали.

Нејзиниот бурен живот беше интересен за јавноста. Медиумите ја врзуваа со многу јавни фаци, политичари и бизнисмени. Маја се омажи со скопјанецот Горан Грамашковски и го роди синот Гораст кој денес има 23 години. Бракот со Грамашковски траеше кратко. Таа цели 20 години беше дел од македонската естрада. Нејзиниот интересен имиџ и спотовите кои редовно ѝ ги режираше Дејан Миличевиќ ја направија поп-ѕвезда која секогаш беше интересна за медиумите. Текстот Маја Вукичевиќ се омажи, љубоморниот сопруг ја натера да го избрише минатото е превземен од Reporter.mk.

© ЖУРНАЛ    ~449,151

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Маја Вукичевиќ се омажи, љубоморниот сопруг ја натера да го избрише минатото
Се огласи таткото на Меган Маркл после раѓањето на внукот и сите ги изненади со пораката која ѝ ја испратил на својата ќерка
Сара Мејс денеска го покажа своето “Копито”
„Дупер“ ја избркаа тапанарката, па промовираа нова песна
Отворен павилјонот на Северна Македонија на годинашното Биенале во Венеција
Изведба на четири монодрами пред утрешното завршување на „Битола 2019“
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.