МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Мицкоски: Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ј..
Заев: Да го одбележиме епохалното просветителско значење на Светите Кирил и Методиј, ..
Пендаровски: Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да ..
МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс з..
Технологија
Годинашните iPhone модели ќе користат нова технологија за антени

Годинашните iPhone модели ќе користат нова технологија за антени

вторник, 07 мај 2019, 14:53ч.   |   L.E.

Познатиот аналитичар за Apple, Минг-Чи Куо објави уште еден извештај кој се базира на информациите од синџирот на снабдување. Според информациите, Apple ќе се префрли на новата и модифицирана технологија за антена Pi, која значително е поинаква од оние кои компанијата моментно ги користи.

Актуелните модели на iPhone користат LCP (liquid crystal polymer) антени, кои имаат одредени лимити. Проблемите со производство на LCP антени креираат проблеми кај целуларниот пренос на високите фреквенции, додека модифицираните Pi модели би ги подобриле перформансите и би ја намалиле цената на производство. Меѓутоа, кога самата 4G LTE конекција е во прашање, корисниците нема да забележат големи разлики.

Меѓутоа, и покрај споменатите подобрувања, Куо верува дека трошоците на производство ќе пораснат за 10 до 20 проценти на годишно ниво, а причина за ова се надградбите на ултра-широкопојасната мрежа. Ова ќе има и значајно влијание на навигацијата во затворено за новите iPhone уреди.

Ова не е прв пат Минг-Чи Куо да дава вакви наводи, со тоа што овој пат се поддржани од информациите кои пристигнуваат од синџирот на снабдување на Apple.
извор: USB.mk

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Фејсбук редизајн: Еве како ќе изгледа News Feed
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
iPhone XE е компактниот Apple модел кој фановите долго го очекуваа!
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.