МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Авто
Mercedes-Benz ја прекинува продажбата на Smart во САД и Канада

Mercedes-Benz ја прекинува продажбата на Smart во САД и Канада

вторник, 07 мај 2019, 14:51ч.   |   L.E.

Цитирајќи намален интерес за сегментот на микро-автомобили на овие пазари, Mercedes-Benz објави дека ќе престане да ги продава возилата на Smart во Америка и Канада.

Продажбата на Smart во САД е падната за цели 57 проценти во 2018, во однос на претходната година. Инаку, во САД, Smart е целосно електричен од моделската година 2018. Во Европа сè уште се нудат со бензински мотори, но се очекува тоа наскоро да се промени.

Германскиот луксузен бренд ќе продолжи да им нуди поддршка на постоечките сопственици на Smart возила преку постоечки дилери и официјални сервиси на Mercedes-Benz кои ќе бидат специјално авторизирани да работат на малите автомобили.

Ова е интересна одлука на Mercedes-Benz, но не и неочекувана. Американците никогаш не го „разбраа“ Smart – како што во суштина никогаш не разбраа мали автомобили. Сепак, Mercedes-Benz не се откажува од продавање на електрични автомобили во САД – кросоверот EQC ќе се продава во САД од следната година, како дел од „инвазијата“ која Mercedes-Benz ја подготвува со 10 целосно-електрични EQ автомобили./carclub.mk

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД АВТО
Во интерес на корисниците: Facebook најави клучен редизајн на мобилната апликација
Конечно седан во понудата – Citroen ќе го претстави во 2021
Најлуксузните BMW модели пристигнаа во Македонија!
BMW сподели информации за Series 8 Gran Coupe
Citroen ја продолжува традицијата на своите големи лимузини 2021
Audi со нов прототип на водородни горивни ќелии
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.