МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Мицкоски: Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ј..
Заев: Да го одбележиме епохалното просветителско значење на Светите Кирил и Методиј, ..
Пендаровски: Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да ..
МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс з..
Занимиливости
Погледнете ја најстарата слаткарница во Париз

Погледнете ја најстарата слаткарница во Париз

понеделник, 06 мај 2019, 13:22ч.   |   L.E.

Како главен град на слатките во светот, во Париз никогаш нема недостаток од слаткарници. За да успеат во морето со неверојатни десерти, тамошните слаткари мораат да докажат дека навистина се добри, а сопствениците на продавницата за слатки À La Mère de Famille веќе два и пол века го прават тоа.

Погледнете ја најстарата слаткарница во Париз

À La Mère de Famille била основана во 1761-ва година, од страна на младиот продавач Пјер-Жан Бернард. Откако се преселил во срцето на Париз, Бернард отворил продавница на улицата Faubourg Montmartre. Овде, тој ги привлекувал парижаните со неговите слатки специјалитети – од колачи, па сè до тегли мед.

Денес нов тим производители на слатки продолжуваат да го одржуваат духот на продавницата. Во 2000-та година, Етиен Долфи кој во тој период работел како слаткар во продавницата, го презел бизнисот со неговите деца. Оттогаш, низ Париз се отвориле уште 10 вакви слаткарници, кои нуделе старомодни десерти како кандирано овошје и бисквити кои се нивен специјалитет.

Погледнете ја најстарата слаткарница во Париз

Сепак, и покрај новите локации, продавницата на Faubourg Montmartre останува омилена. Како најстарата слаткарница во градот, овој објект секогаш ќе има посебно место во богатата историја на Париз.

„После продавање на најдобрите производи цели два и пол века, историската продавница сега е легендарна адреса чија фасада не е променета од крајот на 19-тиот век. Ова не е само продавница, ова е извонредно наследство кое секогаш ќе може да понуди нешто ново“, изјавиле сопствениците./kafepauza.mk

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД ЗАНИМИЛИВОСТИ
Девојче остана живо по пад од 26 кат (Видео)
Шок на венчавката: Младоженецот го уапсиле, а невестата веќе била мажена!
Кога се мачите да донесете одлука, поставете си го само ова прашање
Најбогатиот човек на светот го има рецептот за среќен живот – поставете си ги овие 12 прашања
10 факти за Бутан, земја каде што нема бездомници, и медицината е бесплатна за сите
Учител од Кенија освои награда за најдобар наставник од 1 милион долари и скоро сите пари ќе ги даде на сиромашните
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.