МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Здравје
5 причини зошто ни е неопходна сончевата светлина

5 причини зошто ни е неопходна сончевата светлина

понеделник, 06 мај 2019, 13:00ч.   |   L.E.

На северната хемисфера ноќите се сè пократки, а деновите подолги. За оние кои живеат јужно од екваторот важи спротивното. Во зимските месеци многумина уживаат во топлината на домот, но изложеноста на сончевата светлина е клучна за нашето здравје.

5 причини зошто ни е неопходна сончевата светлина

Веројатно и самите имате забележано дека во текот на летните и пролетните месеци се чувствувате полни со енергија, па дури и расположението ви е подобро. Од друга страна, во студените месеци речиси сите сме летаргични. Научниците имаат објаснување за ова – сончевата светлина. Во продолжение погледнете зошто сончевата светлина е неопходна за нашето здравје.
1. Светлината го контролира нашиот биолошки часовник

Нашиот организам функционира согласно со циклусот ден и ноќ кој трае 24 часа. Ова е таканаречен циркадиски ритам кој има влијание на целиот наш организам – од начинот на којшто спиеме и метаболизмот, до начинот на кој нашето тело лачи одредени хормони.

Познато е дека циркадискиот ритам функционира без разлика на надворешното влијание. Ова значи дека ритамот не се менува кај луѓето кои останале без природен извор на светлина. Светлината е значаен сигнал кој овозможува започнување на цела низа биолошки функции во телото.
2. Светлината ни помага при спиење и будење

Една од главните биолошки функции со кои управува светлината е сонот. Таа му покажува на мозокот кога организмот треба да остане буден. Кога почнува да паѓа ноќ, во телото почнува да се лачи мелатонин, хормон што ни помага да заспиеме.
3. Светлината помага во борбата против несоницата

Познато е дека сината светлина што ја емитуваат компјутерите, таблетите и смартфоните го спречува лачењето на хормоните кои ни помагаат да се разбудиме. Поради ова, лекарите истакнуваат дека пред спиење не би требало да користиме направи со екрани.

Дневната светлина е клучна за регулирање на спиењето. Доколку сте ноќна птица која има проблеми со несоницата, излегувањето наутро на дневна светлина може да ви помогне да го решите овој проблем.
4. Светлината влијае врз нашето расположение

Дневната доза природна светлина не е важна само за спиењето, туку може да ве направи и посреќни. Кога организмот е изложен на сончева светлина, се зголемува нивото на серотонин – хормонот на среќата.

Многу луѓе кои ретко се изложени на дневна светлина, како оние кои работат трета смена, неретко се справуваат со проблеми како депресија. Менталната здравствена состојба која се поврзува со изложеноста на дневна светлина во студените месеци е позната како зимска депресија. Луѓето кои страдаат од овој вид депресија стануваат несреќни со намалувањето на денот. Најчесто, депресијата поминува со почетокот на пролетта.
5. Сончевата светлина ги зајакнува коските

За организмот правилно да ги апсорбира хранливите материи клучни за здравјето на коските, потребен му е витамин Д. Овој витамин се содава во телото со помош на сончева светлина. Недостатокот од него може да предизвика кршливост и деформација на коските. За среќа, целата препорачана дневна доза за витамин Д можете да ја добиете од сончевите зраци.

Се разбира, претераното излегување на сонце може да биде и опасно. За време на најтоплите денови важно е да ја заштитите вашата кожа од штетното влијание на зраците и да не излегувате кога сонцето свети најсилно.

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД ЗДРАВЈЕ
Ако ви се заглави коска од риба во грлото, веднаш направете го ова
Колкав е рокот на траење на варените јајца
Најдобар детокс на организмот: Го отстранува салото од стомакот и чисти од сите токсини!
Симптоми кои покажуваат дека телото ви е полно со токсини
Нов магичен коктел за диета: Со само 4 состојки до совршена тежина
Што ќе се случи со вашиот организам ако секој ден јадете јајца?
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.