МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Здравје
6 едноставни движења за елиминирање на болка во коленото

6 едноставни движења за елиминирање на болка во коленото

понеделник, 06 мај 2019, 12:56ч.   |   L.E.

Појавата на болка во зглобовите станува се почеста кај народот, речиси секој петти човек чуствува некоја болка во одреден зглоб на телото.Покрај болка во нозете,вратот,лумбален дел на грбот и болката во коленото е се позачестена. Кога станува збор за конкретно болка во коленото  тоа е водечка причина кон одредена нестабилност на човечкото тело. Најчесто е застапена кај лица на возраст од 20 – 65 години и постари лица.

Како би знаеле дека вие сте изложени на ризик?

Фактори како неактивност, носење голема и несоодветна тежина, слаба постура на телото, неправилно третирани повреди, како и несоодветна и недоволна исхрана би можеле да доведат до појава на одредена болка.Сепак, доколку се превземе поголема одговорност за здравјето и зајакнување на зглобовите и мускулите би можеле да ја елиминирате секојдневната болка и непријатност.

Што би можеле да превземете уште во овој момент за да ја елиминираме болката?

Една од најдобрите работи што би можеле да превземете за да го зајакнете вашето колено е да започнете активен животен стил, односно на вашите зглобови им е потребно движење.Секогаш запомнете дека било каква активност е подобра во споредба со неактивност.Започнете на пример со пливање,брзо пешачење или возење велосипед, секако да не заборавиме и на додавање суплементи во исхраната со што ќе се обезбеди глукозамин и хондроитин кои пак помагаат во зајакнување на коленото и лачење на течност која ќе го подобри лизгањетона структурите во зглобот.

Следните вежби ќе ви помогнат да ги  истегнете  мускулите и структурите околу коленото со што ќе се влијае на намалување на самата болка:

1.Најпрво најдете sид на кој ќе може да си го потпрете вашето стопало,свртете се со вашето лице кон sидот.Поставете ја петата на тоа место каде што подот речиси се пресретнува со вертикалата,прстите ни се поставени на sидот а петата останува на подот.Пробуваме да ја доближиме ногата до sидот,кога ќе почуствуваме истегнување задржете се 5-10 секунди, може да го повторите ова 10-15 пати со секоја нога или повеќе доколку чуствувате сеуште затегнатост.

2.Седнете на подот,повлечете го вашето стопало што поблиску до вашиот задник ( коленото е свиткано ),под коленото ставете топче ( тениско,yoga или топче за масажа ).Ќе се обидете да направите компресија на топчето,во исто време правете кружни движења со вашето стапало за да помогнеме да се создаде простор во зглобот.Повторувајте се додека не почуствувате ослободеност во зглобот. Сменете ја ногата.

3.Едната нога нека е поставена под 90◦, клекнете со другото колено на земја ( поставете крпа под коленото,да не се создава притисок ).Следно опфатете го скочниот зглоб на ногата која клечите и убаво истегнете со приближување на стапалото накај вашето тело.Направете 10-15 повторувања со двете нозе.

4. За следнава вежба ви е потребен foam roller, легнете настрана со тоа што foam roller-от да се постави точно над коленото,целата тежина нека биде префрлена на таа нога и бавно тркалајте под вашата нога (нагоре/надоле).Можете да го изведете тоа на било кој дел кој го чуствувате затегнат.Изведувајте го движењето се додека не прекине да биде болно. Доколку е невозможно да прекине болката( се случува кај некои луѓе кои активно трчаат ), нека биде во траење од 5 минути.

5. За следната вежба ви е потребна еластична лента.Едната нога нека ви биде испружена на подот,додека другата нога ќе ја опфатите со еластична лента која ќе биде поставена на средина на стопалото.Ја повлекуваме лентата со тоа што ја доведуваме во исправена положба ногата што сакаме да ја истегнеме, но внимаваме коленото да ни биде цело време исправено.Направете повторување од 10-15 пати со што при секое истегнување задржете 5 секунди.

6. Легнете на под, едното колено нека биде свиткано,а другата нога со исправено колено ја подигнуваме со тоа што прстите на стапалото да бидат позиционирани дијагонално.Направете 3 сета од 10-15 повторувања со двете нозе.Кога ќе добиеме зајакнување на мускулите додадете тежина на скочниот зглоб./zazabava.com
 

© ЖУРНАЛ    ~31,11

НАЈЧИТАНИ ОД ЗДРАВЈЕ
Ако ви се заглави коска од риба во грлото, веднаш направете го ова
Колкав е рокот на траење на варените јајца
Најдобар детокс на организмот: Го отстранува салото од стомакот и чисти од сите токсини!
Симптоми кои покажуваат дека телото ви е полно со токсини
Нов магичен коктел за диета: Со само 4 состојки до совршена тежина
Што ќе се случи со вашиот организам ако секој ден јадете јајца?
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.