МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Македонија
СДСМ врати шест општини што ги изгуби во првиот круг

СДСМ врати шест општини што ги изгуби во првиот круг

понеделник, 06 мај 2019, 11:25ч.   |   Xh.I.

Вториот круг од претседателските избори покажа климав рејтинг на партиите кои учествуваа на изборите. Иако кандидатот на СДСМ ги доби изборите, сепак ВМРО-ДПМНЕ има предност во повеќе општини. Со плавата боја на СДСМ се обоени 38 општини на мапата на државата, додека во црвено се обоени 42 општини.

За споредба, во првиот круг, пак, ВМРО-ДПМНЕ водеше во 48 општини, што беше изненадување за многумина, бидејќи на локалните избори оваа партија успеа да добие градоначалнички места во само пет општини.

СДСМ, од друга страна, во вториот круг врати шест од општините што ги загуби во првиот круг. Владејачката партија освои повеќе гласови во Бутел, Радовиш, Брвеница, Јегуновце, Демир Хисар и Ранковце. Сепак, разликата во овие општини е многу мала. На пример во Бутел разликата во гласови е само 22 гласа во корист на Пендаровски, а во Радовиш само 26 гласа за Пендаровски.

Иако СДСМ води во 38 општини, разликата ја прават општините каде живеат мнозинство етнички Албанци. Во овие општини, како Сарај, Желино, Тетово, Арачиново, Пендаровски има по неколку илјади повеќе гласови од Силјановска.

И покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ предничи во бројот на општини каде кандидатката Гордана Силјановска освоила повеќе гласови, сепак тоа не може да се земе како индикатор за расположението на гласачите кога би се гласало за парламентарни или локални избори. Треба да се има во предвид дека во двете општини каде се гласаше за градоначалник, Охрид и Ново Село, Силјановска има добиено повеќе гласови, но сепак победија кандидатите на СДСМ.

© ЖУРНАЛ    ~235,79

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев утре ќе им даде отказ на петмина министри?
Расипан телефон: Еролд или Хисен, Муслиу или Мемети?
СДСМ врати шест општини што ги изгуби во првиот круг
Идните членки на ЕУ губат трпение - Србија чека 10 години, Црна Гора 11 години, Македонија 14 години...
Директорката на Хематологија доби кривична пријава од Антикорупциска комисија, не поднела анкетен лист
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.