МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Авто
Во интерес на корисниците: Facebook најави клучен редизајн на мобилната апликација

Во интерес на корисниците: Facebook најави клучен редизајн на мобилната апликација

недела, 05 мај 2019, 11:31ч.   |   L.E.

Компанијата најави дека апликацијата ќе доживее голем редизајн, кој ќе се фокусира на две важни функции кои се најпопуларни помеѓу корисниците.

Основната мобилна апликација на Facebook ќе доживее голем редизајн, во напор на компанијата да се доближи до барањата и преференците на корисниците.

На неодамнешната F8 конференција, Facebook најави бројни измени и новитети кај нивните продукти како Instagram, WhatsApp и Facebook Messenger, но најголеми промени ќе бидат направени кај основната Facebook апликација, која ќе изгледа скоро непрепознатливо. Марк Закерберг нагласи дека дел од новите измени се направени за да се подобри функционалноста на апликациите, но и за да се зголеми приватноста и безбедноста на корисниците.

Facebook Messenger ќе доживее трансформација преку проектот наречен „LightSpeed“, кој ќе ја направи апликацијат помала и побрза, а со тоа ќе се намали и времето за преземање на истата, како и на нејзините апдејти. Покрај другото, таа набрзо ќе стане достапна за десктоп компјутерите за корисниците на Windows и Mac.

Најпопуларната социјална мрежа во моментов, Facebook, ќе добие значителни измени во изгледот и функционалноста. Досегашните сини панели со новиот апдејт ќе бидат обоени во бело, а компанијата ќе се фокусира на групите и настаните кои ги интересираат корисниците, наместо да го усовршува полето News Feed, кое во изминатите години стана далеку помалку атрактивна функција за корисниците.

Исто така, нова алатка на апликацијата ќе биде Facebook Dating, преку која корисникот ќе може да одбере до девет корисници кои ќе ги обележи како Secret Crush. Доколку и тие ја имаат активирано опцијата Facebook Dating, двајцата ќе можат да го користат Facebook како алатка за средби и состаноци.


Instagram и WhatsApp ќе добијат мали, помалку значителни апдејти. Заедничка измена, која ќе се случи кај Instagram, WhatsApp и Facebook Messenger ќе биде енкрипцијата на пораките, со што ќе се зголеми безбедноста и приватноста на она што корисникот го споделува со другите. Како што беше претходно најавено, корисниците на овие три платформи со новиот апдејт ќе можат да разменуваат пораки меѓу себе.

Извор: kajgana.com

© ЖУРНАЛ    ~96,32

НАЈЧИТАНИ ОД АВТО
Во интерес на корисниците: Facebook најави клучен редизајн на мобилната апликација
Конечно седан во понудата – Citroen ќе го претстави во 2021
Најлуксузните BMW модели пристигнаа во Македонија!
BMW сподели информации за Series 8 Gran Coupe
Citroen ја продолжува традицијата на своите големи лимузини 2021
Audi со нов прототип на водородни горивни ќелии
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.