МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Здравје
5 причини зошто не можете да ослабите

5 причини зошто не можете да ослабите

петок, 03 мај 2019, 14:09ч.   |   L.E.

Дали строго ја следите диетата и постојано вежбате, но никако не гледате резултати? Доколку сте во ваква ситуација не очајувајте, туку обидете се да ги одговорите следниве 5 прашања.


1.Колку спиете?

Недостатокот од сон има влијание врз метаболизмот и може да предизвика дебелеење. Едно истражување покажало дека луѓето кои спијат 6 до 8 часа навечер, имаат најдобри резултати кога станува збор за слабеењето. Ова значи дека постои силна врска помеѓу недостатокот од сон и вишокот килограми. Иако денес луѓето се премногу зафатени и сметаат дека спиењето е трошење време, квалитетниот сон е клучен за менталното и физичкото здравје.
2. Колку кафе пиете?

Доколку сте зависни од кафе, тогаш можеби тоа е виновникот што не можете да ослабите. Кога нивото на шеќер во крвта ќе падне, нешто што се случува кога пиете кафе, телото почнува да бара храна. Во овој случај ќе почнете да јадете дури и кога не сте навистина гладни. Доколку пиете многу кафе, голема е веројатноста да јадете повеќе од потребното.
3. Колку вежбате?

Можеби ќе се изненадите, но претераното вежбање може да го забави слабеењето, односно да го забави метаболизмот. Претераната физичка активност води до зголемено лачење на кортизол, естроген и тестостерон, што пак резултира со дебелеење.
4. Дали пиете минерална вода?

Не се само засладените и газирани пијалаци лоши за вашата линија. Едно истражување покажало дека јаглеродниот диоксид кој се наоѓа во киселата вода може да предизвика дебелеење. Причината е што го поттикнува лачењето на грелин – хормонот кој го предизвикува чувството на глад.
5. Дали сте под стрес?

Стресот може да има навистина штетно влијание врз организмот. Покрај тоа, тој предизвикува хормонална нерамнотежа и дебелеење. Па доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми, научете да се справувате со стресот и најдете начин да се опуштите./kafepauza.mk/

© ЖУРНАЛ    ~89,31

НАЈЧИТАНИ ОД ЗДРАВЈЕ
Ако ви се заглави коска од риба во грлото, веднаш направете го ова
Колкав е рокот на траење на варените јајца
Најдобар детокс на организмот: Го отстранува салото од стомакот и чисти од сите токсини!
Симптоми кои покажуваат дека телото ви е полно со токсини
Нов магичен коктел за диета: Со само 4 состојки до совршена тежина
Што ќе се случи со вашиот организам ако секој ден јадете јајца?
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.