МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Регион
Баша: Избори без опозицијата нема да има

Баша: Избори без опозицијата нема да има

петок, 03 мај 2019, 13:42ч.   |   Z.H.

 Со обраќање на лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша од Елбасан и неговата порака дека на 30 јуни нема да има избори без опозицијата, синоќа заврши протестот на обединетата албанска опозиција, кој овој пат беше со блокада на главните национални патни правци, кои 12-те околии ги поврзуваат со Тирана.

 
– Поради Еди Рама ќе ни ги вратат визите. Им велам на европските и меѓународните пријатели да не ги казнуваат Албанците, не казнувајте го мојот народ. На 30 јуни нема да дозволиме криминал што ги диктира изборите. Избори без опозицијата нема да има. Лажен изборен процес нема да има. На 30 јуни сите Албанци ќе се обединет за одредување датум за избори, за да имаат преодна влада на која Рама нема да биде премиер – порача Баша.
 
Тој најави дека на 11 мај ќе биде следниот голем протест на опозицијата како борба на Албанците против владиниот криминал.
 
Баша додаде дека опозицијата е решена да не чекори наназад, туку само напред за една Албанија како цела Европа. Според Баша, денешната опозиција е морално мнозинство на земјата.
 
– Недостасува Влада произлезена од народот, но неа ја избира криминалот и дрогата. Денот и часот кога владата ќе положи сметка се приближуваат и нема сила која тоа може да го спречи. Со Рама нема безбедност, нема работа, нема Европа. Со него има само дрога, криминал и масовно заминување на младите. Нас ништо нема да не поколеба. Одлучни сме, Рама мора да си оди – рече Баша.
 
Поради илјадниците насобрани приврзаници на опозицијата и незадоволни граѓани, на главните национални патни правци два часа Албанија беше целосно блокирана. Демонстрантите ги пропуштаа само возилата на брзата помош.
 
Насобраните извикуваа „Рама оди си“, „Не сакаме криминална Влада“, „Посакуваме Албанија како цела Европа“, „Доста ни е од сромаштија“, палеа гуми, фрлаа петарди, но се мина без поголеми инциденти.
 
Ова е првпат опозицијата да организира протест со блокирање на патишта кои 12-те околии ги поврзуваат со Тирана.

© ЖУРНАЛ    ~42,14

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
По само 5 дена заеднички живот, поранешната сопруга живи ги запалила- детали за пожарот кој го потресе регионот
Капучино 6 евра, хамбургер дури 22 - во оваа балканска земја е поскапо и од Мајорка
Хаос во ТВ студио: Професор и новинар за малку ќе се испотепаа, водителот ги раздвојуваше (ВИДЕО)
Гледате ли нешто погрешно - поради ова забрането е фотографијата на оваа матурнтка да се најде на табло
Српски научник пронајде лек за рак
Опозицијата официјално го освои Истанбул, но Ердоган повлече потег со кој сака да го врати
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.