МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Регион
ЕК: БиХ не доби препорака, критики за Србија и Црна Гора за владеењето на правото

ЕК: БиХ не доби препорака, критики за Србија и Црна Гора за владеењето на правото

среда, 29 мај 2019, 15:20ч.   |   Z.H.

 Босна и Херцеговина не доби препорака од Европската комисија дека земјата заслужува кандидатски статус, беше објавено денеска во Брисел. Европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, кој е автор на извештајот на Европската комисија, рече дека мислењето што го објавила комисијата всушност е „сеопфатен план за реформи кои водат кон демократија, владеење на правото, основните права и јавните реформи”. Според Хан, ова мислење претставува пресвртница што покажува дека Европската Унија е посветена на поддршката на БиХ во нејзините напори кон ЕУ.

 
Сепак, според мислењето на Европската комисија, недостига јасна препорака Советот на ЕУ да го одобри кандидатскиот статус за БиХ. Она што Европската комисија укажува е дека Советот треба да одлучи ,,за следните чекори за оваа земја”.
 
Во извештајот се забележува дека Босна и Херцеговина постигна одреден степен на макроекономска стабилност. „Сепак, со цел да се движи кон создавање  функционална пазарна економија, БиХ мора да се обрне посебно внимание на забрзување на процедурите за донесување одлуки и подобрување на бизнис-климата, како и ефикасноста и транспарентноста на јавниот сектор, особено на јавните претпријатија”, се вели извештајот на ЕК.
 
Србија и Црна Гора добија негативни оценки за владеењето на правото. Комесарот Хан истакна дека овие земји мора да ги зајакнат своите напори и да бидат поверодостојни во оваа насока. „Ова е услов за Црна Гора и Србија да напредуваат на европскиот пат”, истакнува авторот на овогодишниот пакет за проширување.
 
Што се однесува до дијалогот за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово, европскиот комесар истакна дека двете страни треба да придонесат за создавање поволна атмосфера за постигнување законски обврзувачки договор. Во оваа смисла, тој додаде дека Косово треба да ја повлече одлуката за царини за увоз на стока од Србија и Босна и Херцеговина, која, според него, ги засенила сите достигнувања врз основа на спроведувањето на европската агенда.
 
Хан посочи дека постои итна потреба во Западен Балкан да се направи напредок во процесот на помирување, добрососедска и регионална соработка.
 
Ситуацијата во северниот дел на Косово и понатаму е посебен предизвик, според годишниот извештај на Европската комисија, истакнувајќи дека судството сè уште е „предмет на политичко влијание и дека судската администрација останува слаба и неефикасна”.
 
Во извештајот се вели дека корупцијата е широко распространета и сè уште е видлива. ,,Косово е во рана фаза на борбата против организираниот криминал. Сепак, постигнат е мал напредок во конфискацијата на имотот и сè уште има неколку финансиски истрага и пресуди. Потребни се мерки за да се осигура дека нема политичко мешање во оперативните активности за спроведување на законот и обвинителите. Ситуацијата во северно Косово во врска со организираниот криминал и понатаму е предизвик за агенциите за спроведување на законот”, вели Хан.
 
Тој истакна дека е постигнат напредок во борбата против тероризмот, особено во смисла на создавање подобри услови за рехабилитација и реинтеграција на странски терористички борци и нивните семејства.
 
Европската комисија денеска ја потврди подготвеноста да се отвори патот за Северна Македонија и Албанија да почнат преговори за пристап во ЕУ.

© ЖУРНАЛ    ~24,8

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Гледате ли нешто погрешно - поради ова забрането е фотографијата на оваа матурнтка да се најде на табло
(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник
Убиство среде улица во Србија - незапаметена трагедија утринава
Нов закон: После 17 часот не смее да се наплаќа за лежалки и чадори на плажа
Ова е мајката што си ја уби тригодишната ќерка, па ја фрли од тераса во Белград
Нова страшна несреќа на местото каде изгоре автобусот: Се враќале од погреб па се судриле
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.