МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Во германската Влада нема дилеми околу ЕУ перспективите на Македонија, Албанија отпаѓ..
Влатко Ѓорчев: Ова последната година од владеењето на Заев, ќе има пржинска влада
Движење БЕСА: Заев ветуваше живот за сите, а во западниот дел има нула нови вработува..
Трамп, Путин и Кралицата Елизабета му испратија честитки на Пендаровски
Македонија
Расипан телефон: Еролд или Хисен, Муслиу или Мемети?

Расипан телефон: Еролд или Хисен, Муслиу или Мемети?

петок, 24 мај 2019, 12:21ч.   |   B.M.

Името на новиот директор на Агенцијата за разузнавање се најде во разни шпекулации, од кои ниту една нема врска со фактите. За незадоволството на ДУИ, засега, се уште нема официјално објаснување.

Не е Еролд, туку Хисен. Не е Муслиу, туку Мемети. Низ збрка со имиња и презимиња се редат, но и брзо се демантираат шпекулациите зошто владејачката ДУИ не е задоволна од одлуката на претседателот Стево Пендаровски за нов директор на Агенцијата за разузнавање (АР) да го назначи разузнавачот Еролд Муслиу. Дел од медиумите причините за незадоволството на ДУИ од изборот на новиот директор го поврзаа со негово наводно „авторство“ на компромитирачките досиеја од 2010 година („Ибар“, „Мама“, „Вујко“ и „Стрелец“), кои се однесуваа на високи функционери на ДУИ“, меѓу кои и за лидерот Али Ахмети. Но, фактите говорат дека во тој случај не станува збор за Еролд Муслиу, туку за Хисен Муслиу, поранешен началник во УБК, кој за тој случај беше уапсен во ноември 2010 година, откако полицијата во неговиот дом ги најде споменатите досиеја во електронска форма.

Во прашање е „Куманово“

Во меѓувреме, причините за незадоволство малку поблиску ги лоцираше вицепремиерот и портпарол на ДУИ, Бујар Османи.

„Одлуката на претседателот Пендаровски за назначување директор на Агенцијата не вознемири сите. Нашите информации се дека одлуката е донесена врз основа на недоволна информираност и дека не е злонамерна. Ставот на ДУИ е дека додека не се расветлат до крај кумановските настани, ниту еден човек кој бил дел од службите на Иванов не треба да биде на чело на таквите сензитивни институции. Очекуваме дека овој период претседателот ќе собере повеќе информации и ќе рефлектира по однос на неговата одлука“, изјави Османи.

Minister der neuen mazedonischen Regierung (DW/Petr Stojanovski)

Османи: Одлуката на претседателот Пендаровски не вознемири сите

Бидејќи Османи не даде дополнителни објаснувања за поврзаноста на кумановските настани со овој избор, се разгореа нови медиумски шпекулации кое е лицето од АР кое контактирало со косовската група за време на споменатите настани од 9-ти и 10-ти мај 2015 година, како што тогаш изјавуваа дел од инволвираните во косовската група. Но, медиумските архиви покажуваат дека и во овој случај никаде не фигурира името на Еролд Муслиу, туку на Шенаси Мемети, кој беше спомнат од обвинетите како лице кое наводно имало контакт со некои од членовите на групата Мирсад Ндрецај и Бег Ризај и наводно им помогнал да влезат во Македонија. Косовските медиуми уште тогаш објавија и разговори меѓу Ндрецај и Ризај со агент за кој тврдеа дека е Шенаси Мемеди.  Во судскиот процес за случајот „Диво насеље“ Мемети не беше повикан како сведок. Медиумите го пренесоа тогашниот став на АР околу (не)можноста за сведочење на нивниот вработен.

„Вработените во Агенцијата за разузнавање се должни да ги чуваат државните, воените и службените тајни. Со сведочењето на лицето кое е повикано како сведок, истиот ќе и наштети на должноста што ја извршува во ова институција“, образложиле од Агенција за разузнавање.

Разузнавач кој сакал да остане анонимен, за БИРН  изјавил дека борците во Куманово биле регрутирани и вооружени со помош на Агенцијата за разузнавање, што им овозможило безбеден коридор за влез во Куманово пред да се судрат со полициските сили.

„Конфликтот во Куманово беше целосно организиран од страна на разузнавачката агенција на Македонија. Тоа беше лошо организирано сценарио, кое на терен уште повеќе се влоши“, изјавил разузнавачот.

Во тој период поранешен командант на ОНА во Липково изјавувал дека службите  го организирале инцидентот за да поттикне етнички судири и да ги натера Македонците да застанат во поддршка на Владата (која тогаш беше под удар на опозициските „бомби“).

„Владата плати некои луѓе да создадат проблем таму горе за да манипулираат со јавното мислење”, изјавил бившиот командант на ОНА.

Mazedonien Gerichtsprozess im Obersten Gerichtshof zur Kumanovo Razzia (DW/P. Stojanovski)

Судење на обвинетите за случајот „Диво Насеље“

Го бараат Ахмети за сведок

На крајот, во јавноста се отвора и прашањето зошто раководството на ДУИ не учествува во расветлување на кумановските настани, со оглед дека партискиот лидер Али Ахмети во интервју на ТВ „Алсат-М“, сведочеше дека нему телефонски му се јавило лице од групата за да им отвори коридор за да се извлечат од „Диво насеље“. И неправосилно осудените од „Диво Насеље“ кои поднесоа жалби на првостепената пресуда, на неодамнешната јавна седница закажана од Апелацискиот суд го повторија барањето дека како сведоци во овој предмет треба да бидат повикани Сашо Мијалков, Никола Груевски, Али Ахмети, Ѓорге Иванов, Гордана Јанкулоска...

„Пресудата ‘Диво Насеље‘ е режија на Никола Груевски и Али Ахмети. Во текот на годините на истрагата ѝ е дадена друга насока и таа отиде во слепа улица. Срамно е тоа што беше ветено дека ќе има меѓународна истрага, но сѐ уште нема реализација. На кого му пречи вистината за Диво Насеље?“, беше наведено во нивното барање до второстепениот суд.

Кредибилен кадар

По искажаните забелешки од ДУИ за назначувањето на Муслиу, од кабинетот на Пендаровски соопштија дека претседателот веднаш по стапувањето на функцијата темелно разгледал повеќе предлози како можни решенија за позицијата директор на Агенцијата за разузнавање.

„По споредбените анализи на професионалните капацитети на сите кандидати, името на Еролд Муслиу се издвои како решение за извршување на оваа одговорна функција. Станува збор за врвен професионалец кој својата кариера ја градел во земјава и имал беспрекорна соработка со службите од сите сојузнички држави“, соопшти Кабинетот на претседателот. (DW)

© ЖУРНАЛ    ~264,90

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев утре ќе им даде отказ на петмина министри?
Расипан телефон: Еролд или Хисен, Муслиу или Мемети?
СДСМ врати шест општини што ги изгуби во првиот круг
Идните членки на ЕУ губат трпение - Србија чека 10 години, Црна Гора 11 години, Македонија 14 години...
Директорката на Хематологија доби кривична пријава од Антикорупциска комисија, не поднела анкетен лист
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.