МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Македонија
Шутирање на мали голчиња со мандатите на Груевски и Богоевски

Шутирање на мали голчиња со мандатите на Груевски и Богоевски

четврток, 23 мај 2019, 11:45ч.   |   Xh.I.

Чиј мандат ќе биде на мета? Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека пратеникот Павле Богоевски нема кредибилитет да ја води комисиската расправа за одземање на мандатот на Груевски.

Неизвесно е во какви околности ќе се одвива денешната седница на собраниската Комисија за мандатно-имунитетски прашања закажана за 12 часот, на која треба да се утврди Предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, поради негово неоправдано отсуство повеќе од шест месеци. Седницата е закажана врз основа на Известувањето доставено од претседателот на Собранието, Талат Џафери, на 15 мај.

По најавата дека седницата ќе ја води претседателот на Комисијата, Павле Богоевски, а не неговата заменичка Снежана Калеска Ванчева, сѐ поизвесно е дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ темата ќе ја замени со обвинувања дека Богоевски нема кредибилитет да ја води комисиската расправа по неодамна објавената аудио-снимка на која се слуша како тој нарачува „пола“. Богоевски призна дека е тоа неговиот глас и дека нарачувал масло од канабис за медицински цели, а не кокаин, како што го имплицираше анонимниот објавувач на снимката.

„Договарам набавка на масло од канабис. За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис и помогна таму каде другите лекови не можеа да ѝ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам сѐ додека е потребно“, објасни Богоевски.

Веднаш потоа се најде под канонада на барања за оставка од пратеничката функција, и од страна на опозицијата, но и од негови довчерашни соборци во „Шарената револуција“. Во моментов Обвинителство води предистражна постапка за идентитетот на лицето кое ја објавило снимката, но и за таксистот кој незаконски го снимал Богоевски.

Замена на темите?

По индициите дека денешната седница може да се претвори во политички препукувања, пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец, вчера апелираше да не се одвлекува вниманието од темата на комисиската седница. Но, опозицијата најверојатно нема да ја пропушти можноста мандатот на Груевски да го стави во втор план, и примарно да инсистира на одговорност од Богоевски. Дури и расправата да биде канализирана на главната тема, сигурно е дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за одземање на мандатот на Никола Груевски. Пратеникот Емил Димитриев, кој по повлекувањето на Груевски од премиерската позиција стана технички премиер според „пржинскиот модел“, вчера  не сакаше да зборува во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, но индиректно го објасни неговиот став.

„На никого не можам да му одземам нешто што не сум му го дал“, кусо одговори Димитриев.

Од ДУИ тврдат дека немаат дилеми.

„ДУИ ќе го поддржи одземањето на мандатот на Никола Груевски“, изјави пратеникот Артан Груби.

Осумтемина од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ до вчера не соопштија како ќе гласаат, со што не е извесно дали ќе бидат обезбедени неопходните 80 гласа за одземањето на неговиот мандат, иако се исполнети сите деловнички услови, бидејќи Груевски повеќе од шест месеци отсуствува од работата во Собранието.

Азилант, автор, коментатор

Никола Груевски стана бегалец од правдата откако беше осуден на казна затвор од две години за предметот „Тенк“ на СЈО. За истиот предмет, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска  од 1-ви јули треба да почне да ја издржува казната затвор од четири години.

По бегството на Груевски негова крајна дестинација стана престолнината на Унгарија, каде многу брзо доби политички азил, со образложение дека е цел на политички прогон. Оттаму на Фејсбук често ги коментира домашните политички настани, а преку издавачката куќа „Ѓурѓа“ како азилант успеа и да ја објави книгата „Искуства за иднината“, која го привлече вниманието на неодамнешниот Саем на книгата во Скопје.

До денес истрагата на Обвинителството не дојде до податоци како Груевски успеал да избега од земјата и дали имал логистика во таа постапка.

Во меѓувреме тој остана без пратеничка плата, откако беше донесено дополнување на Законот за пратеници, со кое се предвидува пратениците кои имаат казна затвор од 6 месеци, да го изгубат правото на пратеничка плата, надоместоци, патни трошоци, како и други бенефиции./DW

© ЖУРНАЛ    ~42,14

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев утре ќе им даде отказ на петмина министри?
Расипан телефон: Еролд или Хисен, Муслиу или Мемети?
СДСМ врати шест општини што ги изгуби во првиот круг
Идните членки на ЕУ губат трпение - Србија чека 10 години, Црна Гора 11 години, Македонија 14 години...
Директорката на Хематологија доби кривична пријава од Антикорупциска комисија, не поднела анкетен лист
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.