МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Македонија
Директорката на Хематологија доби кривична пријава од Антикорупциска комисија, не поднела анкетен лист

Директорката на Хематологија доби кривична пријава од Антикорупциска комисија, не поднела анкетен лист

среда, 22 мај 2019, 13:23ч.   |   Xh.I.

Антикорупциската комисија на денешната седница поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, за неподнесување анкетен лист за имотната состојба.

Пановска била именувана за в.д. директор во август 2017 година и оттогаш досега мандатот постојано ѝ бил продолжуван на 6 месеци, што значи дека таа имала обврска по истекот на секој шестмесечен мандат, да доставува анкетен лист.

Пановска е именувана на директорката функција четирипати, а таа дури пред една недела, на 15 мај, ги доставила сите анкетни листови за имотната состојба одеднаш.

Антикорупциската комисија веќе отвори предмет за докторката Пановска-Ставридис, за можно местење тендери во корист на веледрогеријата „Пановски“ во сопственост на нејзиниот татко. Членовите на Антикорупциска комисија исто така ќе испитуваат како Пановска-Ставридис унапредувала лекари во раководители на одделот, откако во Комисијата пристигнала пријава од граѓани и загрижени лекари.
 

© ЖУРНАЛ    ~224,76

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев утре ќе им даде отказ на петмина министри?
Расипан телефон: Еролд или Хисен, Муслиу или Мемети?
СДСМ врати шест општини што ги изгуби во првиот круг
Идните членки на ЕУ губат трпение - Србија чека 10 години, Црна Гора 11 години, Македонија 14 години...
Директорката на Хематологија доби кривична пријава од Антикорупциска комисија, не поднела анкетен лист
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.