МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Свет
Северна Кореја го нарече Бајден „будала со ниска интелигенција”

Северна Кореја го нарече Бајден „будала со ниска интелигенција”

среда, 22 мај 2019, 16:27ч.   |   Z.H.

 Северна Кореја го нарече поранешниот американски потпретседател Џо Бајден „будала со ниска интелигенција” и „имбецил лишен од елементарни човечки квалитети”, откако  американскиот претседателски кандидат неодамна го нарече севернокорејскиот лидер Кин Џонг Ун „тиранин”.

 
Корејската централна новинска агенција (КЦНА) објави дека Бајден го навредил раководството на земјата и сторил „сериозна политички мотивирана провокација која не може да се толерира” против Северна Кореја.
 
Бајден за време на кампањата во Филаделфија во саботата го обвини претседателот Доналд Трамп дека се согласува со „диктатори и тирани” како што се Ким и рускиот претседател Владимир Путин.
 
– Тоа што тој го изговори е само софизам на имбецил лишен од елементарни човечки квалитети, а не пак  на политичар, пренесе КЦНА, додавајќи дека го следи сомнеж дека е „будала со низок коефициент на интелигенција”.
 
– Сепак, се фали себеси како најпопуларен претседателски кандидат. Ова е доволно и мачка да се насмее, се наведува во извештајот на агенцијата.

© ЖУРНАЛ    ~31,11

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Норвешката министерка за здрвство порача: Пушете и пијте колку сакате
Монструозно злосторство: Во стан пронајдена заклана трудница!
Фото: Едно лице е убиено, а седум се ранети, во инцидентот со пукање во училиште, во САД
Американец ја убил сопругата, слушнал дека 4 години ќе работи во амбасадата во Србија
Осум години по смртта на Осама бин Ладен, неговиот син е главен лидер на Ал Каеда и најбараниот човек во светот
Индиски авион полн со патници итно слета па му експлодира гумата
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.