МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Култура
Објавен романот „Ги изеде дождот“ на Жарко Милениќ

Објавен романот „Ги изеде дождот“ на Жарко Милениќ

четврток, 02 мај 2019, 14:41ч.   |   L.E.

„Македоника литера“ од Скопје неодамна го објави романот „Ги изеде дождот“ на Жарко Милениќ, во превод од хрватски јазик на Анета Пауноска.

Дејството во романот се одвива во еден мал град каде што се важни правилата на игра, но нив не ги знаат сите играчи. Приказната има саркастични, зајадливи, па понекогаш и трагични елементи. Искривените слики и пародијата истовремено се и блиску и далеку од реалниот свет. Милениќ во својот роман се занимава со провинцијализмот, но истовремено и со тоталитаризмот и апсолутизмот. Ги разобличува проблемите и типовите луѓе кои духовно се распаѓаат во малите градови.

„Колку и да е суров во тоа, пишува хрватскиот критичар Зоран Маљковиќ, и колку и да боли вистината што ја изнесува авторот, толку и романот е духовит и забавен. Дијалозите се многу реалистични и пове¬ќе¬то од нив може да се сместат во т.н. секојдневни приказни. Ликови (обично со постапките) се многу мунициоз¬но опи¬ша¬ни и така доближени до потенцијалниот читател. Структурата на романот е прилично динамична, се менуваат сосема куси раскажувачки отсечки во кои истовремено доминираат духо¬ви¬тоста и иронијата. За реалноста во романот на Милениќ може да се каже дека е повеќе искривена отколку фан¬тастична…
Романот почнува да ги следи настаните во едно провин¬циско гратче (Букач), кое е на работ на провинцискиот разум, а завршува во истото гратче сега со друго име (Диклиќево) кое се оттргнало од работ на разумот и сега пропаѓа некаде длабоко, длабоко…“

Жарко Милениќ (1961, Брчко, Босна и Херцеговина), магистрирал руска книжевност и компаратистика на Нацио¬нал¬ниот истражувачки универзитет во Москва, каде што е докторанд. Живеел во Осиек и Риека, а сега живее во Брчко и во Москва.

Автор е на повеќе од триесет прозни дела, повеќето романи, четири книги со раскази, исто толку стихозбирки, како и на две книги со критички текстови, една есеистичка, а приредувач е на антологиски и тематски избори. Автор е и на радиодрами. Негови дела се преведени на македонски, украин¬¬ски, ерменски, руски, француски и англиски јазик. На македонски јазик се објавени „Од училиште до дома“ (раска¬зи), „Заедно“ (роман), и Антологијата на хрватски научно¬фантас¬тични раскази, чиј приредувач е тој. Се занимава и со преведување – преведува од англиски, македон¬ски, руски, бугарски, словенечки и украински јазик. Награду¬ван е во БиХ, Хрватска, Македонија, Ирак и во Кина./skopje24.mk

© ЖУРНАЛ    ~18,6

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Маја Вукичевиќ се омажи, љубоморниот сопруг ја натера да го избрише минатото
Се огласи таткото на Меган Маркл после раѓањето на внукот и сите ги изненади со пораката која ѝ ја испратил на својата ќерка
Сара Мејс денеска го покажа своето “Копито”
„Дупер“ ја избркаа тапанарката, па промовираа нова песна
Отворен павилјонот на Северна Македонија на годинашното Биенале во Венеција
Изведба на четири монодрами пред утрешното завршување на „Битола 2019“
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.