МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Мицкоски: Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ј..
Заев: Да го одбележиме епохалното просветителско значење на Светите Кирил и Методиј, ..
Пендаровски: Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да ..
МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс з..
Култура
Во Скопје доаѓа Пјер Астие, агентот заслужен за меѓународниот успех на „Сестрата на Зигмунд Фројд“ на Смилевски

Во Скопје доаѓа Пјер Астие, агентот заслужен за меѓународниот успех на „Сестрата на Зигмунд Фројд“ на Смилевски

четврток, 02 мај 2019, 14:35ч.   |   L.E.

На Интернационалниот литературен фестивал „Про-За Балкан“, кој ќе се одржи од 19 до 22 мај во Скопје, ќе гостува Пјер Астие, еден од најдобрите светски литературни агенти. На фестивалските денови, кои ќе се одвиваат на неколку локации во Скопје, ќе гостуваат еминентни писатели од регионот, а Скопје повторно ќе биде место каде што авторите и издавачите ќе можат да се сретнат.

Литературниот агент и уредник во агенцијата „Астие-Пеше“ ќе гостува во рамките на програмата „Скопје фелоушип“. Тој е особено важен за нашата литература затоа што го застапуваше Гоце Смилевски при пробивањето на романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ во светот. Астие ѝ ја продаде книгата на издавачката куќа „Пингвин“, која ги има авторските права за англиски јазик, но и во дваесетина други земји.

Астие е добитник на Наградата за исклучителност што ја доделува Лондонскиот саем на книгата (LBF Excellence Award) за 2019 година за најдобар интернационален агент. Ова признание важи за највисоко во светот на литературните агенции.
Тој и другите членови на програмата „Скопје фелоушип“ ќе се сретнат со писатели и со претставници на Македонската асоцијација на издавачи.

Во 2006 година заедно со Лор Пеше ја основал меѓународната агенција „Астие-Пеше“.
Тој е претставник на различен спектар на француски и други автори (фантастика и друго), се занимава со откривање нови таленти, уредништво, продажба на литературни и филмски права за објавување низ целиот свет. Во 2015 година агенцијата го назначи Жером Бушар да биде одговорен за сите делови од Азија, а потоа во 2017 година и Натали Вилена за подрачјата на кои се зборува шпански и португалски. Се очекува наскоро едно лице да биде задолжено за Африка и уште едно за Централна и Источна Европа.

- Од самиот почеток на агенцијата, иако моравме да ја ограничиме нашата активност и да ги претставуваме само француските автори, бевме убедени дека во т.н. мали европски јазици се напишани брилијантни приказни и постојат одлични автори. Агенцијата стана целосно интернационална со македонскиот автор Гоце Смилевски и турската авторка Асли Ердоган во 2008 г. Огромниот успех на двата автори ни го отвори патот кон нов развој. Денеска, со седиште во Париз, на распаќето на различни влијанија (источни, јужни, северни), имајќи ја можноста да работиме со различни читатели и преведувачи на ИНАЛКО (Училиште за мали јазици), агенцијата е целосно меѓународна – изјавува Астие за македонските медиуми.

Астие режирал повеќе кратки приказни во 2007 година („Минијатури“) во издание на „Мегелан енд си“ во Париз. Досега се објавени 40 тома.
Во 1988 година Астие го основа тримесечното списание за кратки есеи и приказни „Ле серпан а плум“. Во 1993 година ја основа издавачката куќа „Ле серпан а плум едисион“. Објавени се вкупно пет збирки: француска фантастика, странска фантастика, мотиви (изданија со мек повез), музика, есеи и документи.

Астие издал и учебник за настава и обука, а бил и координатор на изложбите во центарот „Жорж Помпиду“ и Палацо Граси во Венеција, галеријата „Карл Флинкер“ (Париз).

Фестивалот „Про-За Балкан“ наскоро ќе го објави и името на лауреатот, а целосната програма веднаш по Саемот на книгата./fakulteti.mk

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Маја Вукичевиќ се омажи, љубоморниот сопруг ја натера да го избрише минатото
Се огласи таткото на Меган Маркл после раѓањето на внукот и сите ги изненади со пораката која ѝ ја испратил на својата ќерка
Сара Мејс денеска го покажа своето “Копито”
„Дупер“ ја избркаа тапанарката, па промовираа нова песна
Конкурс за „Пегаз" – нова книжевна награда за необјавен роман
Утре почнува саемот на книгата
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.