МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Мицкоски: Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ј..
Заев: Да го одбележиме епохалното просветителско значење на Светите Кирил и Методиј, ..
Пендаровски: Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да ..
МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс з..
Здравје
Внимателно на сонце ако пиете некои од овие лекови

Внимателно на сонце ако пиете некои од овие лекови

четврток, 02 мај 2019, 14:29ч.   |   L.E.

Постои голем број на лекови кои ја зголемуваат чувствителноста на кожата на UV зрачење на сонце (како и солариумот), така да ако планирате во наредните денови да поминете повеќе време на отворено, а во моментов сте на терапија со лекови важно е да се проверите со лекар или фармацевт на време дали лековите што ги пиете припаѓаат во оваа група.

Во лекови кои можат да предизвикаат фотосензитивна реакција спаѓаат антибиотици (како што се доксициклин и други тетрациклини, ципрофлоксацин), лекови против акни како што се ретиноиди, анксиолитици (алпразолам, хлордиазепоксид), одредени цитостатици, диуретици и антихипертензиви, нестероидни антиинфламаторни лекови (диклофенак, ибупрофен, напроксен), антидепресиви (кломипрамин, амитриптилин, матротилин, флуоксетин), како и препарати со кантарион.

Ако во моментов користите некои од фотосензитивните лекови, треба да избегнувате долго изложување на сончеви зраци како и да користите лосиони и средства за заштита од сонце кои обезбедуваат висок фактор на заштита од UVA и UVB зраците./24info.mk
 

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД ЗДРАВЈЕ
Ако ви се заглави коска од риба во грлото, веднаш направете го ова
Колкав е рокот на траење на варените јајца
Најдобар детокс на организмот: Го отстранува салото од стомакот и чисти од сите токсини!
Симптоми кои покажуваат дека телото ви е полно со токсини
Што ќе се случи со вашиот организам ако секој ден јадете јајца?
Нов магичен коктел за диета: Со само 4 состојки до совршена тежина
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.