МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Технологија
Samsung претстави телевизор кој може да се сврти од хоризонтален во вертикален

Samsung претстави телевизор кој може да се сврти од хоризонтален во вертикален

четврток, 02 мај 2019, 14:20ч.   |   L.E.

Сакате да гледате телевизија на хоризонтален или вертикален телевизор? Благодарение на најновиот изум на Samsung, повеќе нема да мора да бирате. Јужнокорејскиот гигант претстави телевизор кој може да стои хоризонтално и потоа да се сврти ветикално и на него да гледате како на смартфон.

Телевизорот со големина од 43 инчи се вика Sero и има интегриран држач. Ќе почне да се продава во Јужна Кореја на крајот на овој месец по цена од 1.456 долари. Sero ќе доаѓа со микрофон и со виртуелниот асистент на Samsung, Bixby.

Исто така, ќе може да се намести да прикажува фотографии, часовник или други слики. Меѓу содржините кои ќе може да ги користат корисниците се и новите серии на Snapchat, кои се дизајнирани за мобилни уреди и ќе бидат лансирани во текот на мај./inovativnost.mk/

 

© ЖУРНАЛ    ~18,6

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Фејсбук редизајн: Еве како ќе изгледа News Feed
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
iPhone XE е компактниот Apple модел кој фановите долго го очекуваа!
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.