МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Технологија
Mark Zuckerberg ги најави најголемите промени досега

Mark Zuckerberg ги најави најголемите промени досега

четврток, 02 мај 2019, 14:16ч.   |   L.E.

Основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг, на годишната конференција на компанијата најави големи промени за социјалната мрежа и останатите апликации под нејзиниот чадор.

 

Покрај драстичните промени во дизајнот, шефот на „Фејсбук“ уверува дека планот на компанијата е да ги стави приватноста и безбедноста на корисниците на прво место.

Најмногу одекна најавата за промени во дизајнот, па така логото на „Фејсбук“ веќе нема да биде во квадратен облик, туку во кружен, а за првпат се менува и бојата.

Мобилната апликација ќе биде претежно бела, а препознатливата сина боја заминува во историјата.

Пораките пратени преку „Месинџер“ ќе бидат целосно шифрирани, што значи дека „Фејсбук“ веќе нема да може да ја надгледува нивната содржина. Платформата ќе биде целосно интегрирана со „Ватсап“.

Една од новостите е и дека „Инстаграм“ воведува пробна опција за „приватен бројач на лајкови“. Ова значи дека посетителите на вашиот профил нема да можат да го видат бројот на лајкови под фотографијата, додека вие како корисник на профилот ќе имате пристап до тие информации.

Исто така, ќе има повеќе „краткорочни“ начини за споделување содржина во пораки, што значи дека нема да има трајни записи за нив.

Покрај тоа, објавите на „Инстаграм“ веќе нема да мора да почнат со фотографии или видеосодржини. Содржина ќе се споделува и како текст, стикери или цртежи.

-Иднината е приватна. Знам дека, благо речено, нашата репутација не е најсилна кога станува збор за приватноста, но ние се фокусираме на изнаоѓање начини за заштита на приватноста на корисниците- порача Закерберг./novamakedonija.com.mk/

© ЖУРНАЛ    ~21,7

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Фејсбук редизајн: Еве како ќе изгледа News Feed
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
iPhone XE е компактниот Apple модел кој фановите долго го очекуваа!
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.