МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Авто
Специјално издание на Aston Martin Vantage AMR со рачен менувач

Специјално издание на Aston Martin Vantage AMR со рачен менувач

четврток, 02 мај 2019, 14:13ч.   |   L.E.

Aston Martin има возбудливи вести за своите обожаватели: моделот доби специјално издание со седмостепен рачен менувач на брзини и карбон-керамички сопирачки.

Ограниченото издание што беше претходно најавено ќе биде достапно во 2020 година.

Исто како кај моделот V12 Vantage S, моделот добива седмостепен рачен менувач кај кој првата брзина е позиционирана долу лево за да се задржи H шемата на која се навикнати возачите.

Aston Martin ќе произведе само 200 примероци на моделот AMR што ќе биде полесен од стандардниот за 95 килограми и ќе тежи вкупно 1.530 килограми.

Познатиот 4,0-литарски твин турбо мотор е малку изменет во однос на стандардната верзија и ќе развива 503 коњски сили, но ќе има помал вртежен момент поради рачниот менувач.

Перформансите остануваат исти – од 0 до 100 км/ч ќе забрзува за 4 секунди, а максималната брзина е 314 км/ч.

Од вкупно 200 AMR модели, 59 ќе се продаваат со спецификации како на фотографиите, во темнозелена боја со детали во нијанса на лимета, како омаж на победата на трката Ле Ман од 1959 година.

Останатите 141 автомобил ќе бидат достапни во конвенционална сина, сива, црна и бела боја. Верзијата Vantage 59 чини 164.995 фунти, а „обичната“ 149.995 фунти./kajgana.com

 

© ЖУРНАЛ    ~21,7

НАЈЧИТАНИ ОД АВТО
Во интерес на корисниците: Facebook најави клучен редизајн на мобилната апликација
Конечно седан во понудата – Citroen ќе го претстави во 2021
Најлуксузните BMW модели пристигнаа во Македонија!
BMW сподели информации за Series 8 Gran Coupe
Citroen ја продолжува традицијата на своите големи лимузини 2021
Audi со нов прототип на водородни горивни ќелии
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.