МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Свет
Осум години по смртта на Осама бин Ладен, неговиот син е главен лидер на Ал Каеда и најбараниот човек во светот

Осум години по смртта на Осама бин Ладен, неговиот син е главен лидер на Ал Каеда и најбараниот човек во светот

четврток, 02 мај 2019, 15:21ч.   |   Z.H.

 Денес се одбележуваат осум години откако припадниците на американските специјални сили упаднаа во куќа во пакистанскиот град Аботабад и го убија лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен.

 
Припадниците на американските специјални сили „Фоки” извршија рација во утврден комплекс на 2 мај 2011 година, каде што го убија Бин Ладен.
 
Осама бин Ладен нареди отпочнување терористички напади врз САД на 11 септември 2011 година, при што загинаа речиси 3 000 лица.
Неодамна, Саудиска Арабија му го одзеде државјанството на неговиот син Хамза бин Ладен, кој во последните години објавуваше аудио и видеопораки повикувајќи ги своите приврзаници да ја напаѓаат Америка и нејзините сојузници, како одговор на убиството на неговиот татко.
 
Американскиот Стејт департмент претходно понуди награда од еден милион долари за информација која ќе доведе до „утврдување на локацијата во која било земја” на која се наоѓа Хамза.
Во соопштението, синот на Бин Ладен е опишан како главен лидер на Ал Каеда. Се верува дека се наоѓа во близина на границата на Авганистан и Пакистан.
 
Се претпоставува дека Хамза бин Ладен има околу 30 години. Пред две години американските власти го ставија на листата на глобални терористи.

© ЖУРНАЛ    ~87,29

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Норвешката министерка за здрвство порача: Пушете и пијте колку сакате
Монструозно злосторство: Во стан пронајдена заклана трудница!
Фото: Едно лице е убиено, а седум се ранети, во инцидентот со пукање во училиште, во САД
Американец ја убил сопругата, слушнал дека 4 години ќе работи во амбасадата во Србија
Осум години по смртта на Осама бин Ладен, неговиот син е главен лидер на Ал Каеда и најбараниот човек во светот
Индиски авион полн со патници итно слета па му експлодира гумата
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.