МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Македонија
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион

Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион

понеделник, 20 мај 2019, 15:25ч.   |   Xh.I.

Договорот од Преспа не се однесува само на двете земји, Северна Македонија е порта на транспорт, порта на инфраструктурите кон останатата поранешна Југославија, а Солун може да стане центар на Балканот, вели во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, поранешниот вицепремиер и министер за финансии на Бугарија, Симеон Џанков, а сега директор за истражувања на „World Development Report 2019″ на Светската банка и директор на Financial Markets Group на Лондонската берза.

-Навистина верувам дека Солун може да стане центар на Балканот во целина, по Договорот од Преспа. Повеќето луѓе сметаат дека овој договор се однесува само на Грција и на Северна Македонија. Реално, Северна Македонија е порта на транспорт, порта на инфраструктурите кон останатата поранешна Југославија. Па така, прашањето е, сега кога го имаме договорот, како можат Грција, Бугарија и Романија, односно земјите од Балканот што се во ЕУ, можеби и Словенија и Хрватска да дејствуваат во смисла на (создавање) инфраструктури, заедно со земјите кои што сѐ уште не се интегрирани во обединета Европа, вели Џанков и објаснува дека Солун е единствената област што ги има сите неопходни компоненти благодарение на пристаништето и инфраструктурата.

Во однос на кинеската иницијатива „New Belt, New Road” и улогата на Договорот во Преспа во реализирањето, Џанков за АНА-МПА вели дека токму решението го отвора патот, јави дописничката на МИА од Атина.

-Кинезите ја сфатија перспективата пред тоа да го сфатат Европејците, бидејќи иницијативата „New Belt, New Road”, ако ја погледнете мапата, во суштина тргнува од Солун и оттаму во основа продолжува преку Северна Македонија и преку Србија и продолжува сè до Австрија. Така, Договорот од Преспа, помага во сето ова, бидејќи не може да го има бизнисот, освен ако има политички договор, објаснува директор за истражувања на „World Development Report 2019″ на Светската банка и директор на Financial Markets Group на Лондонската берза.
 

© ЖУРНАЛ    ~15,5

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев утре ќе им даде отказ на петмина министри?
Расипан телефон: Еролд или Хисен, Муслиу или Мемети?
СДСМ врати шест општини што ги изгуби во првиот круг
Идните членки на ЕУ губат трпение - Србија чека 10 години, Црна Гора 11 години, Македонија 14 години...
Директорката на Хематологија доби кривична пријава од Антикорупциска комисија, не поднела анкетен лист
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.