МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Колумни
(Не)казнивост

(Не)казнивост

понеделник, 20 мај 2019, 12:48ч.   |   Xh.I.
Андреј Божиновски,

По завршувањето на претседателски избори, продолжија преговорите за новиот Закон за јавно обвинителство со кој се решава судбината на Специјалното јавно обвинителство. Евидентно забележуваме дека нема поголеми поместувања од првичните позиции за постигнување на политички компромис околу законот кој е услов за добивање на датум за почеток на преговори со ЕУ. Тука ставаме посебен акцент на црвените линии на опозицискките кои се чинат насочени кон јакнење на културата на неказнивост во државата и избегнување на правдата по секоја цена. Иако целиот овој пакет на можности за преговарање поради политички околности е замрзнат и во овој момент не познато како ќе се оди напред во оваа деликатна и завршна фаза, потребно е да се направи разлика меѓу негување на култура на неказнивост и зајакнување на принципот на владеење на правото.

Имено не постои поим во казненоправната теорија од неказнивоста што има појасно Јанусово лице, толку многу различни квалификации од Владеењето на правото. Идејата на владеењето на правото е граѓаните да можат да ги заштитат своите права и слободи пред судовите, во правична постапка пред независен и непристрасен суд. Културата на неказнивост од друга страна е состојба која сама по себе генерира омраза, состојба во која најтешките дела остануваат неказнети, жртвите на делата немаат заштита, а владеењето на правото и демократските капацитети на државата стануваат мртво слово на хартија.

За да се избегне тоа, а тргнувајќи од главната теза за донесувањето на Законот – избегнување на културата на неказнивост за тешките кривични дела сторени од страна на поранешната политичка елита, потребно е неговите одредби да се толкуваат екстензивно. Правниот конструкт на законот во кој се изразени позициите на Министерството за правда и комплементарен со реформата на Законот за кривична постапка и тргнува од идејата дека е потребно посебно (независно) обвинителство кое ќе се бори со криминалот на политичката елита, овозможува институционална и функционална независност на СЈО за цел да се овозможи ефикасен и ефективен казнен прогон. Во таа смисла битни се двата принципи врз кој е донесен Законот. Од правен принцип, законот ги исполнува сите четири дилеми на правните скептици за иднината на специјалното обвинителство и неговата припадност во јавно обвинителскиот систем и тоа: 1)проблемот со позицираноста (уставноста); 2) рокот за подигање на обвиненија; 3) (ре)избор на специјален јавен обинител и 4) употребата на доказите. Првите три дилеми се решени со ваквиот методолошки пристап во изработувањето на законот, кој се смета за погоден и од аспект на клучно запознавање на неговиот карактер. Од аспект на употребата на доказите во предметите на СЈО, споредбеното, меѓународното па дури и домашното право предвидуваат низа исклучоци на ова правило, со кои се востановува определен баланс помеѓу желбата за законитост и владеење на правото во функционирањето на казненото правосудство кое бара со обвинетите да се постапува коректно и правично, со целосно почитување на човековите права и слободи, што не е интерес само на поединецот, туку е општ општествен интерес, но истовремено општеството е заинтересирано и за осуда на сторителите на кривични дела и не се одобрува ослободување на сторителите на тешки кривични дела за маргинални повреди на правата или прописите, особено ако повредата не може да и се препише на државата. Но за тоа подетално пишуваме на друго место.

Од политички принцип овој закон може да се дефинира како немотехничка конструкција која поставува барања во вид на регули и приоритети за тоа како треба да се постави државата во борбата против идни негативни криминални феномени, во заштита на владеењето на правото. Имено секој успешен законски акт е акт на либерални и демократски стандарди, акт на местото и акт на времето. Актот ги прифаќа позитивните казненоправни постулати и истовремено ги рефлектира во иднината, како гарант на владеењето на правото.

Имајќи тоа предвид амандманите насочени кон Законот за јавното обвинителство содржат елементи на Потемкин и служат како параван во зајакнување на илузијата на стабилен политички дијалог, а во кој скриениот мотив е избегнување на казнен прогон преку пролонгирање на постапките и смена во надлежноста на обвинителствата. Тоа што може да се перцепира е разликата помеѓу обидот за кастрација на владеењето на правото и напорите тоа да се зајакне и одржи.

Двете преговарачки страни во овој случај се залагаат за правдина, но користејќи го истиот збор секоја страна конципира поинакви суштински разлики. Може да се пристапи кон конструктивен политички дијалог за довршување на ова законско решение, доколку има волја, која извира од два елементи: моралност и заеднички државен интерес.

М-р Андреј Божиновски, Правен советник

© ЖУРНАЛ    ~47,17

НАЈЧИТАНИ ОД КОЛУМНИ
НАЈАВЕНАТА “МЕТЛА” ЗА “ТУЃИОТ” ДВОР
Познат е и денот кога ќе влеземе во ЕУ
По друм оди, за пат праша
Северна Македонија: Нов почеток
(Не)казнивост
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.