МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Регион
Кулминира предизборниот период во Грција

Кулминира предизборниот период во Грција

понеделник, 20 мај 2019, 11:37ч.   |   Z.H.

 Следната недела, на 26 мај, Грците ќе гласаат за нови градоначалници и префекти, но и за нови европратеници, а како што се намалува времето до изборите, така се вжештува климата во земјата.

 
 
 
МИА на една седмица пред гласањето, ја пренесува атмосферата во Грција.
 
Со Низа истражувања на јавното мислење за грчките медиуми, предизборни мобилни штабови и штандови од партиите во Атина, видео спотови на телевизиите, централни говори на лидерите на политичките партии и првпат право на глас имаат 17-годишниците – во Грција кулминира предизборниот период во пресрет на 26 мај.
 
Како што јави дописничката на МИА од Атина, на една седмица пред европските и локалните избори, во центарот на Атина веќе владее предизборна атмосфера. Плоштадите и улиците во централниот дел на градот, веќе неколку денови е „преплавен“ од предизборни штандови, односно мобилни штабови на партиите.
 
На плоштадот Синтагма во строгиот центар на Атина, се наоѓаат штандовите на владејачката СИРИЗА. Од едната страна кандидатите за градоначалник на грчката престолнина и префект на областа Атика, од другата страна предизборниот штанд за европските избори.
 
За кулминацијата на предизборниот период сведочат и насловните страници на викенд изданија на грчките весници.
 
„Та неа“, „То вима“ и „Прото тема“ објавуваат анкети спроведени од грчките агенции за рејтинг. И на трите истражувања Нова демократија е прва, со разлика што се движи меѓу 6,5 и 7,5 процентни поени, СИРИЗА е на второто место, Движење на промена на трето, а Златна зора на четврто место.
 
Весникот „Реал њуз“ на насловната страница објавува текст во кој пишува дека соработниците на грчкиот премиер му сугерираат да одржи предвремени парламентарни избори на 30 јуни.
 
Независно од анкетите и во СИРИЗА и во Нова демократија постои оптимизам и убеденост за победа на изборите, судејќи според изјавите на членови и пратеници од партиите, како и на нивните лидери.
 
Предизборни митинзи низ цела Грција
 
Лидерите на најголемите грчки политички партии со турнеи низ цела Грција ја водат нивната предизборна кампања и одржуваат митинзи.
 
Владините позитивни мерки, безбедноста, владината политика, меѓусебни обвинувања, но и Договорот од Преспа се темите на кои го ставаат акцентот во нивните обраќања лидерите на партиите на предизборните говори.
 
Лидерот на СИРИЗА и актуелниот премиер на Грција, Алексис Ципрас и претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, во нивните говори доста често си упатуваат пораки и меѓусебно се обвинуваат.
 
Првпат право на глас во Грција имаат и 17-годишниците
 
На изборите Грција ќе има 536.920 нови гласачи, од кои 106.760 се граѓани на возраст од 17 години, кои оваа година првпат имаат право на глас, односно ќе гласаат и родените меѓу 1 јануари и 31 декември 2002 година.
 
Гласачките места ќе бидат отворени од 7 часот наутро до 19 часот, а традиционално веднаш по затворањето на гласачките места, медиумите во соработка со агенциите за рејтинг ќе објават нивно предвидување, односно т.н. излезни анкети, кои доста често го најавуваат победникот.
 
Гласањето во Грција е задолжително за граѓаните, освен за оние кои живеат во странство, се над 70-годишна возраст или на денот на гласањето се наоѓаат на оддалеченост од над 200 километри од местото каде што гласаат.
 
На евроизборите, Грците кои живеат во странство ќе можат да гласаат во дипломатските претставништва на Грција во земјата на престој, доколку претходно се пријавиле, но тоа не важи и за локалните избори за кои гласање ќе има само во земјата.
 
На европските избори учествуваа 40 политички партии и коалиции, кои со свои кандидати ќе се борат место во Европскиот парламент, во кој Грција учествува со 21 европратеник. Гласачите ќе можат да изберат најмногу четворица кандидати, а за партиите да добијат свој претставник во ЕП ќе треба да освојат минимум три проценти од гласовите.
 
На локалните избори, Грците ќе гласаат за избор на регионални и општински власти, за избор на префекти и членови на регионалните совети, за избор на градоначалници и членови на градските совети и за избор на органите за управување со заедницата (советници на заедницата – за заедници од над 300 жители или претседатели на заедници – за заедници до 300 жители).
 
Доколку во првиот круг на изборите за градоначалници и префекти ниту еден кандидат не добие над 50 отсто од гласовите, тогаш на 2 јуни ќе се одржи втор изборен круг.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Гледате ли нешто погрешно - поради ова забрането е фотографијата на оваа матурнтка да се најде на табло
(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник
Убиство среде улица во Србија - незапаметена трагедија утринава
Нов закон: После 17 часот не смее да се наплаќа за лежалки и чадори на плажа
Ова е мајката што си ја уби тригодишната ќерка, па ја фрли од тераса во Белград
Нова страшна несреќа на местото каде изгоре автобусот: Се враќале од погреб па се судриле
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.