МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Свет
Шведски обвинител бара апсење на Асанж

Шведски обвинител бара апсење на Асанж

понеделник, 20 мај 2019, 14:33ч.   |   Z.H.

 Шведски обвинител, кој води истрага во врска со обвинението за наводно силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска поднесе барање за негово апсење, соопшти обвинителството.

 
Налогот за апсење, доколку биде издаден, ќе биде чекор во процесот што би резултирал со екстрадиција на Асанж во Шведска од Велика Британија, каде во моментов тој отслужува 50-неделна затворска казна поради прекршување на условите за кауција.
 
Асанж беше уапсен минатиот месец во Лондон, откако амбасадата на Еквадор му го укина азилот.
 
Претходно, шведското обвинителство одлучи повторно да го отвори случајот против Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“, кој се товари за наводното силување. Велика Британија сега ќе мора да одлучи дали да го предаде Асанж во Шведска или во САД.
 
Пред четири години, шведското обвинителство објави дека ја отфрла истрагата против основачот на „Викиликс“ за два случаи на сексуален напад, бидејќи тие биле застарени.

© ЖУРНАЛ    ~24,8

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Норвешката министерка за здрвство порача: Пушете и пијте колку сакате
Монструозно злосторство: Во стан пронајдена заклана трудница!
Фото: Едно лице е убиено, а седум се ранети, во инцидентот со пукање во училиште, во САД
Американец ја убил сопругата, слушнал дека 4 години ќе работи во амбасадата во Србија
Осум години по смртта на Осама бин Ладен, неговиот син е главен лидер на Ал Каеда и најбараниот човек во светот
Индиски авион полн со патници итно слета па му експлодира гумата
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.