МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Македонија
Џафери воздржан за барањето пратениците да одат на нарко-тест, чека конкретна иницијатива

Џафери воздржан за барањето пратениците да одат на нарко-тест, чека конкретна иницијатива

петок, 17 мај 2019, 14:42ч.   |   Xh.I.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери е воздржан околу барањето на независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ в понеделник сите пратеници да направат тест за употреба на наркотички средства и нема да коментира изјави на пратенички групи.

„Претседателот на македонското Собрание не ги коментирал и нема да коментира изјави на пратенички групи. Во моментот кога во Кабинетот на петседателот на Собранието ќе стигне конкретна иницијатива, претседателот Џафери ќе ја разгледа, ќе се произнесе за неа и ќе постапи согласно надлежностите што му ги обезбедуваат Уставот, Деловникот и Законот за пратеници“, велат од Кабинетот на Џафери.

Претходно осумтемина независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение испратено до медиумите информираа дека денеска ќе поднесат иницијатива до Собранието сите пратеници доброволно да направат тест за (зло)употреба на наркотични средства.

„Бараме Собранието в понеделник, да овозможи услови и лекарски тим кој ќе може ова да го спроведе. Воедно, предлагаме и другите политичари, актуелни и поранешни функционери, административни службеници, судии, обвинители, градоначалници и советници, да ни се придружат во намерата и на нашите граѓани да им дадеме добар пример во борбата против (зло)употребата на наркотични средства. Ги поттикнуваме сите вршители на јавни функции да го направат истото доброволно“, пишува во соопштението.

Тие додаваат дека нивното мото е „Конкретни предлози и чекори за позадоволни граѓани“.

Барањето уследи откако пред три дена на социјалните мрежи беше објавена аудио снимка, објавена од извесен „Илија Громовник“, на која се слуша како наводно пратеникот Богоевски нарачува „пола“ грам кокаин или масло од канабис. Богоевски призна дека се работи за неговиот глас, негов телефонски разговор кој наводно бил снимен од некој таксист додека тој се превезувал, и дека нарачувал масло од канабис за медицинска употреба за негова блиска личност.

Скопското јавно обвинителство веќе побарало МВР да го утврди идентитет на сопственикот на профилот „Илија Громовник“ кој ја објави аудио снимката на пратеникот Павле Богоевски, а наредбите се издадени со цел да се преземе кривичен прогон, соопштија од Јавното обвинителството.

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев утре ќе им даде отказ на петмина министри?
Расипан телефон: Еролд или Хисен, Муслиу или Мемети?
СДСМ врати шест општини што ги изгуби во првиот круг
Идните членки на ЕУ губат трпение - Србија чека 10 години, Црна Гора 11 години, Македонија 14 години...
Директорката на Хематологија доби кривична пријава од Антикорупциска комисија, не поднела анкетен лист
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.