МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Мицкоски: Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ј..
Заев: Да го одбележиме епохалното просветителско значење на Светите Кирил и Методиј, ..
Пендаровски: Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да ..
МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс з..
Македонија
СДСМ: Серија на мерки со кои се намалени трошоците, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните

СДСМ: Серија на мерки со кои се намалени трошоците, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните

вторник, 14 мај 2019, 09:30ч.   |   Xh.I.

Владата предводена од СДСМ реализираше серија на мерки со кои се намалија трошоците и се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните. Од почетокот на новата грејна сезона, граѓаните ќе добиваат помали сметки за парно греење согласно одлуката за намалување на ДДВ-то  за испорака на топлинска енергија од 18 на 5%, соопшти СДСМ.

Според партијата, тоа значи дека секое семејство, приклучено на централното парно греење со стан со просечна квадратура, ќе добива пониска сметка за околу 220 денари месечно, што е годишна заштеда од над 2.600 денари.

,,
Истовремено, беше донесена одлука граѓаните кои се исклучени од системот за парно греење во Скопје повеќе да не плаќаат фиксен надоместок за парно како досега. Со тоа се исправа долгодишна неправда кон околу 12.000 семејства во Скопје исклучени од централното греење а кои со години плаќаа месечен надоместок без разлика што не ја користеа услугата.

Со воведувањето на евтина тарифа на струјата сметките се намалени, 11.4 милиони евра заштедуваат граѓаните на годишно ниво. Со укинувањето на радиодифузната такса, се обезбедува заштеда од нови 190 денари месечено во секое семејство.Драстично се намалени казните за фимите, а глобите за физичките лица се намалени за 75 отсто.

Трошоците за нотари, извршители се намачени за 50% до 90%, а услугите на Катастарот за недвижнини се намалени до 50%.Ова се само дел од мерките што обезбедуваат намалени трошоци за живот и повеќе пари кај домаќинствата.
Како одговорна партија, СДСМ останува посветена на мерките што обезбедуваат економски раст, намалени трошоци и повеќе пари во секое семејство, кај секој граѓанин, се додава во соопштението.

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.