МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Мицкоски: Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ј..
Заев: Да го одбележиме епохалното просветителско значење на Светите Кирил и Методиј, ..
Пендаровски: Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да ..
МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс з..
Македонија
Прв работен ден на новиот претседател

Прв работен ден на новиот претседател

понеделник, 13 мај 2019, 09:24ч.   |   Xh.I.

Прв работен ден од петгодишниот мандат на новоизбраниот претседател Стево Пендаровски во „Вила Водно“.

На вчерашната инаугурација во Собранието на Република Северна Македонија, Пендаровски рече дека ќе биде претседател на сите граѓани, и на оние кои гласаа за него, и на оние кои гласаа за неговите противкандидати, како и на оние кои не излегоа на гласање.

-Првата работа што ќе ја направам е да подадам рака за соработка кон опозицијата, рече претседателот  Пендаровски на инаугурацијата, додавајќи дека време е да почне граѓанското помирување зашто немаме резервна татковина која можеме да ја наречеме наш дом.

Шефот на државата најави дека ќе се бори против поделеноста во општеството, дека ќе ги штити правата на политичкото малцинство, дека максимално ќе се заложи за довршување на полноправното членство на земјава во ЕУ и НАТО, како и дека посебно внимание ќе посвети на меѓуетничките односи.
На свечената седница во Собранието присуствуваа претседателите на Србија, Бугарија, Албанија и Косово, министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос, високи делегации на Турција, Полска и Словенија, пратеници, владини функционери и дипломатски претставници.
 
Честитка по повод инаугурацијата на Пендаровски упати и премиерот Зоран Заев.
 
Новиот претседател првите меѓународни средби ги имаше со високи државни делегации од соседните балкански држави кои присуствуваа на свечената седница во Собранието. Тој се сретна со претседателот на Србија Александар Вучиќ, на Бугарија Румен Радев, на Албанија Илир Мета и на Косово Хашим Тачи.
 
Пендаровски, кој беше поддржан од СДСМ и  Коалицијата, на втор круг од претседателските избори освои 436.212 гласа, или 51,66 отсто од гласовите на граѓаните кои излегоа на гласање.
 
Стево Пендаровски е петти шеф на државата од нејзиното осамостојување. Пред него претседателската функција ја извршуваа Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.

© ЖУРНАЛ    ~79,27

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.